fbpx

Коѕиас и Митов разговараа за приемот на Западен Балкан во ЕУ

-

Европската перспектива на државите од Западен Балкан беше една од главните теми на разговорот во Атина меѓу шефовите на грчката и на бугарската дипломатија, Никос Коѕиас и Даниел Митов.

Двајцата министри истакнаа дека Грција и Бугарија го поддржуваат обидот за интегрирање на другите држави од Балканот во Европската унија, меѓутоа сметаат дека тој прием во европското семејство не може да се случи без зелено светло од веќе постојните членки.

„Ја поддржуваме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, но тоа треба да се случи преку соработка на другите заинтересирани држави со нас“, истакна Коѕиас.

Митов посочи дека би било од особена важност земјите-членки на ЕУ кои се на Балканот да бидат вклучени и да го насочуваат процесот на приемот на балканските држави во европското семејство за тоа да се случи што побезбедно.

Според Коѕиас, приемот на балканските држави во ЕУ мора да се случи во консултации со Грција, Бугарија и со Романија. Шефот на грчката дипломатија веќе неколку месеци зборува за идејата за сојуз меѓу овие три држави, за да добијат поголемо право на глас и став кој ќе биде почитуван во ЕУ во однос на приемот на државите од Западен Балкан и нивната европска перспектива, како, на пример, поголема поддршка околу отворените билатерални прашања што ги имаат со некои од овие држави.

Двајцата министри разговараа и за приемот на Бугарија во рамките на Шенген-зоната, бегалската криза и за ситуацијата во Сирија, како и за политичката соработка на билатерално ниво. Дел од агендата била и енергетската соработка и можноста за имплементирање на идејата за гасовод меѓу Грција и Бугарија, кој би ги снабдувал со гас и Балканот, како и други европски држави.

По посетата на Митов, во декември, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ќе оди во официјална посета на Бугарија.

Коѕиас, по средбата со Митов, сега се среќава со заменикот на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...