fbpx

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

-

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение.

Според анализата на грчкиот весник „Катимерини“, ставовите во дипломатски кругови се дека работите наместо кон подобро може да останат на статус кво поради ставот на македонската влада кон Атина.
Весникот забележува дека Коѕиас со планираната тура низ државите од Балканот, меѓу кои Македонија, Србија, Албанија, Косово, на крајот на јуни ќе се обиде да воспостави нови врски со Балканот за подобрување на условите за решавање на билатералните проблеми и за засилување на регионалната стабилност.

Меѓутоа, под знак прашалник е колку овој обид ќе биде успешен со оглед на неменувањето на националистичката реторика на македонската и на албанската влада кон грчката страна.

„Грција има влошени проблеми со БЈРМ и со Албанија и перспективите за нивно решавање се повеќе негативни од позитивни. Овие се оцените според дипломатски извори поради фактот што Тирана и Скопје се заглавени во националистичка реторика и имаат, главно Тирана, поддршка од големите држави, поради тоа што создаваат страв за промена на границите и креирање дестабилизација“, пишува „Катимерини“.

Според весникот, грчката влада периодов се обидува да настапи со предлог пакет-решение за проблемите и со Албанија и со Македонија и да ги реши отворените прашања преку релистичен дијалог, меѓутоа дипломатски извори за весникот информираат дека решавањето на проблемите нема да оди лесно поради притисоците и влијанијата што ги имаат други држави врз Скопје и врз Тирана.

Министерот Коѕиас изминатиов период засилено го турка ставот дека Македонија не е подготвена за компромис бидејќи меѓународните фактори ја имаат „разгалено“ и научено да не прави компромиси со ветување за притисоци врз Грција за менување на грчките црвени линии.

Освен предлогот за олеснување на помали технички прашања за подобра економска, културна, образовна соработка преку мерките за градење доверба, за кои преговараат македонската и грчката страна, нема изгледи дека Грција размислува за менување на нејзините црвени линии. Очекувањата и на новата влада на Алексис Ципрас се дека Македонија треба да направи отстапки. Ова се забележува и од коментарите во Грција дека е неприфатлив предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за прием на Македонија во НАТО под привремената референца и почнување преговори со ЕУ при што последното поглавје ќе биде за решавање на спорот за името.

„Оваа тактика беше применета за несогласувањето околу границите меѓу Словенија и Хрватска, а поставено е како услов и за Србија, која пред приемот во ЕУ мора да го признае Косово. За грчката страна е невозможно да прифати таков предлог, дури и да се извршат притисоци врз неа“, пренесува „Катимерини“.

Грчката страна, се чини, планира да го засили и сојузништвото со Бугарија и со Романија за да има силни поддржувачи околу отворените прашања со државите од Западен Балкан во ЕУ.

Со таа цел, оваа недела Коѕиас планира да ја посети Софија, со која има постојана комуникација. Сепак, според анализата на „Катимерини“, во грчката влада чувствуваат потреба да се разјаснат конкретни работи и позиции на бугарската страна кон Македонија бидејќи Бугарија има повеќе различни нивоа на односи и на пристапи кон Македонија поради големиот број на Македонци со бугарски пасоши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...