fbpx

Стејт департмент: Владата не го почитува владеењето на правото, независноста на медиумите и се меша во судството

-

„Во Македонија, најголем дел од проблемите со човековите права произлегуваат од значитечните нивоа на корупција и од неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото, ограничувањето на слободата на медиумите, мешањето во судството и селективните истраги“, се наведува во редовниот годишен извештај на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД), за состојбата со човековите права во светот.

Мешањето на политиката, неефикасноста, фаворизирањето лица на високи позиции, одолговлекување на постапките, прекршување на правото на јавно судење и корупцијата се главните карактеристики на судскиот систем во земјата, наведени во извештајот на Стеј департментот.

Во врска со минатогодишните претседателски и предвремени парламентарни избори, Стејт департментот наведува дека тие од ОБСЕ/ОДИХР биле оценети како ефикасно спроведени, но ги нотира забелешките дека „во предизборниот период не биле спроведени препораките на ОБСЕ, односно одвојувањето на државата од партијата, неутралност на медиумите, прецизирање на гласачкиот список, можност за надомест на штета преку ефективна жалбена постапка“, стои во извештајот, во кој се додава дека „властите ја задржале ефективната контрола на безбедносните сили“.

Од другите проблеми со човековите права за минатата година, извештајот ги нотира физичкото малтретирање на притоврениците и на затворениците од затворските чувари и лошите услови и пренатрупаноста во дел од затворите и од психијатриските установи во земјата.

„Неовозможувањето пристап од правен застапник на притворениците и на обвинетите, ограничувањето на можноста на граѓаните од ромската популација да ја напуштат дражвата и добивањето азил, семејното насилство над жените и над децата, дискримининацијата на лица со посебни потреби, дискриминација на Ромите и на другите етнички малцинства, социјалната дискриминација на припадниците на ЛГБТИ-заедницата, злоупотреба на детскиот труд, вкучувајќи ја принудата на просење“, се другите проблематични области, забележани во извештајот на Стејт депратментот за состојбата со човековите права во Македонија.

Според Стејт департментот, Владата презела некакви чекори за казнување на полициските службеници за прекумерна употреба на сила, но спорведувањето на мерките продолжува да биде проблем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...