fbpx

Повеќе од 1.000 мигранти дневно поминуваат низ Македонија

-

Повеќе од 1.000 илегални мигранти за едно деноноќие влегле во Македонија, од ден во ден се зголемува притисокот на јужната граница, а напливот на бегалци од земјите на Блискиот Исток и од Африка е сè поголем. Грчката полиција нема соодветно обезбедување на јужната граница, па оттука и оправданоста што македонската полиција има засилена контролата на границата.

Главно, илегалните мигранти ја користат Македонија како транзитна земја, но вчера биле поднесени првите барања за азил. 17 државјани на Сирија, од кои шест мажи, седум жени и четири деца побарале азил во Македонија.

Од стапувањето на законските измени за азил, 7.386 лица пополниле потврди за азил, но ја напуштиле земјата во рок од 72 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...