fbpx

Интензивираната комуникација Атина – Скопје нема да прекине поради грчката криза

-

Независно од внатрешните политички превирања, грчкото министерство за надворешни работи планира да продолжи со интензивираната активна политика на соработка со Македонија во насока на подобрување на односите и решавање на спорот за името.

Според информациите од дипломатски кругови во Грција, во грчкото МНР се размислува дека треба да се продолжат активностите околу спорот за името и покрај политичката неизвесност што владее поради политичката криза во Македонија и новиот договор за избори во 2016 година.

Грчката надворешна политика кон Македонија засега се планира да продолжи во насока на остварување и на развивање на договорените мерки за градење доверба, кои беа согласени и потпишани за време на посетата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, на Скопје.

Оваа соработка дополнително ќе се интензивира со потенцијалната посета на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на Атина есенва, по покана од неговиот грчки колега.

Меѓутоа, покрај за мерките, на средбата во Атина се очекува да се зборува и за спорот за името, кој оваа година поради политичките превирања и во двете држави е ставен во фиока.

Околу спорот за името и потенцијалното решение, грчката страна се чини планира да го слушне и мислењето на Бугарија, поради што, како што пишува „То вима“, повикувајќи се на дипломатски извори, грчкиот преговарач Адамантиос Василакис веќе бил во Софија и разговарал на дипломатско ниво за оваа тема. Неофицијално, Василакис пред извесно време бил и во контакт со посредникот Метју Нимиц со идејата да се искористи можноста со потенцијална преодна влада да се разговара за решавањето на спорот за името.

М.П.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...