fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение. Според анализата...

УНЕСКО со 115.500 долари ќе поддржи четири проекти во Македонија

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) издвои вкупно 115.500 американски долари во рамки на Програмата за партиципација 2014 – 2015 година, за да поддржи четири проекти пријавени од Република Македонија, соопшти денеска Министерството за култура. „Станува збор за проектите „Развојна рамка за клучни компетенции за ЧР професионалци како основа за креирање дуален систем на образовна програма...

Доделени грантови за 15 мали бизниси во сопственост на жени и на млади

Фондот за поддршка на жени и на млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година досега има доделено грантови на 15 мали бизниси. Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој е...

Сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала умерена облачност. Во јужните и во планинските делови ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови. Минималната температура ќе изнесува од 6 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 32 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со темепратура до 32 Целзиусови степени.  

Повеќе од 1.500 граѓани на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“

Извикувајќи „Убијци, убијци“, „Крвници, крвници“, „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, повеќе од 1.500 граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот „Правда за Мартин, слобода за сите“. На протестот, организиран од опозициската партија СДСМ, се приклучи и коалицијата „Граѓани за Македонија“, а во првите редови се мајката и братот на Мартин Нешковски, кој пред четири години...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Ќе дува умерен североисточен ветер, а во јужните делови и на планините е можна појава на краткотраен дожд и на ретки грмежи. Температура ќе се движи од 25 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 30 Целзиусови степени.

„Би-Би-Си“: Мигрантите во Македонија ги киднапираат, ги силуваат и ги тепаат

Неколку организации за човекови права оценија дека Македонија станала едно од „најлошите места за мигрантите во Европа“, јавува „Би-Би-Си“. Добротворната организација „Лекари без граници“ вели дека најмалку 300 лица секојдневно преминуваат од Грција во Македонија на својот пат кон Европа. - Дури и македонската полиција нè ограбува, ни ги земаат нашите пари и документи и нè тепаат – вели еден од...

Отворен центар за ран детски развој во Шипковица

Тетовското село Шипковица денеска доби нов центар за ран детски развој, кој е отворен како дел од иницијативата „Првите 5 се најважни”. Проектот има цел да овозможи уште во најраната возраст децата да добијат образовна програма за ран детски развој во нивната заедница. Центарот, кој ќе по посетуваат околу 60 деца на возраст од три до шест години од селото Шипковица, го...

Храна и вода за новинарите што ја следат средбата Хан-Груевски-Заев

Повеќе од три часа трае средбата на еврокомесарот Јоханес Хан со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во резиденцијата на Европската унија на Водно. Новинарските екипи немаат пристап во резиденцијата и средбата ја следат од улица. По повеќечасовно чекање, од мисијата на ЕУ на новинарите, фоторепортерите и на камерманите им донесоа храна и вода. Ваквиот потег предизвика дилеми кај...

Алојз Петерле во посета на Македонија

Алојз Петерле, копретседавач на Мешовитиот парламетарен комитет на Република Македонија со Европска унија, денеска е во посета на Македонија. Петерле ќе оствари средба со неговиот македонски колега, Кенан Хасипи, копретседавач на Мешовитиот парламетарен комитет РМ-ЕУ, а ќе има и средба со членовите на Мешовитиот парламетарен комитет.

Путин: Стабилноста на Македонија е интерес на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија и оти стабилноста на Македонија е во интерес на Русија. Путин денеска во Москва прими акредитиви од 13 нови амбасадори, меѓу кои и на македонскиот дипломат Гоце Карајанов. - Длабоки историски корени, културна и духовна блискост, тоа е тоа што ја поврзува Русија со Република Македонија. Ние внимателно...

Рама зборувал симболично за блокадата на Македонија во НАТО

„Зборував симболично во името на НАТО, односно што треба Македонија да стори за членство во НАТО, а тоа е она што го изјавува и премиерот Никола Груевски“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама, на прес-конференцијата со неговиот српски колега, Александар Вучиќ, кој од денеска е во официјална посета на Тирана, пренесува „Телма“. - Тоа што неодамна го изјавив за Македонија во...

Хашим Тачи бара меѓународна истрага за настаните во Куманово

Неосновани се тврдењата дека постојат аспирации за создавање „Голема Албанија“, изјави денеска шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи. - Го осудуваме насилството во Македонија, дијалогот е единствено решение. Не сакаме каква било дестабилизација. Македонија е сојузник на Косово на патот кон ЕУ – рече Тачи, додавајќи дека Косово го почитува Охридскиот договор, со кој се стави крај на конфликтот меѓу...

Соломон Паси за едно евро му бил советник на Никола Груевски

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, за националната телевизија БНТ, потврди дека за минимална сума бил советник на актуелниот премиер на Македонија, Никола Груевски, во периодот од 2007 до 2008 година. - Договорот беше за едно евро. Си ја завршив својата работа за околу 10 месеци и беше донесена одлука дека Македонија ќе стане членка на НАТО – рече Паси. Според...

Страхил Ангелов го осуди присуството на Станишев на протестите во Скопје

Лидерот на Партијата на европските социјалисти и поранешен претседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Сергеј Станишев, не го оправда своето присуство на антивладините протести во Скопје, изјави Страхил Ангелов, поранешен пратеник на БСП. - Ако Бугарија требаше за нешто да протестира во Скопје, тоа е за антибугарската пропаганда, која без преседан ја спроведува македонскиот премиер Никола Груевски. Исто така, не...

Европа подготвува стратегија за Македонија по примерот на Украина?

Почетокот на преговорите помеѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја отвори дилемата дали на Македонија ќе ѝ се помогне со формирање меѓународен советодавен панел (МСП) по примерот на Украина. Таквата можност вчера ја наговестија дипломатски извори блиски до генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд. Меѓународен советодавен панел е конституиран од генералниот секретар на Советот на...

Што рекоа странците за кризата во Македонија?

Политичката криза во Македонија изминатите денови е во фокусот на вниманието на странските дипломати и на меѓународните институции, од кои дел, во своите реакции, не се воздржуваат да ги симнат ракавиците и отворено да го остават својот отпечаток на актуелните случувања. Еве што последно рекоа странците за кризата во Македонија: Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија „Се прават напори...

СИРИЗА апелира за демократски дијалог во Македонија

Грчката владејачка партија СИРИЗА бара мирно и демократско решавање на политичката криза во Македонија за одржување на мирот и на стабилноста во регионот. Секторот за надворешна политика и за одбрана на партијата излезе со посебно соопштение за случувањата во Македонија, во кое истакнува дека СИРИЗА останува на ставот дека има силна потреба од мир и од стабилност во регионот. Владејачката левичарска партија повикува...

Петерле: ЕУ мора решително да дејствува за да се стабилизира Македонија

Европската унија треба решително да дејствува за да помогне да се стабилизира состојбата во Македонија, која има јасна европска перспектива, смета словенечкиот европратеник од Европската народна партија и претседател на парламентарната делегација за Македонија, Алојз Петерле. - Меѓуетничката, меѓурелигиозната, пост-тоталитарната и поствоената природа на Балканот не треба да се потцени. Иницијативата да се вклучат двајцата главни политички лидери во разговори е добар знак...

Косово: Почна истрага за уапсените во судирите во Куманово

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека почнало истрага за уапсените во вооружените судири во Куманово, јавува српскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Првите истражни активности за случајот почнале пред судирите во Македонија поради сомнеж дека неколку лица планирале кривични дела на Косово. Претресени се куќите на неколку осомничени, чии имиња не се наведени, а акцијата е извршена на 15 мај. Во соопштението...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...