fbpx

Европа подготвува стратегија за Македонија по примерот на Украина?

-

Почетокот на преговорите помеѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја отвори дилемата дали на Македонија ќе ѝ се помогне со формирање меѓународен советодавен панел (МСП) по примерот на Украина.

Таквата можност вчера ја наговестија дипломатски извори блиски до генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

Меѓународен советодавен панел е конституиран од генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, со функција да ја надгледува истрагата за немирите и човечките жртви што се случија во Украина, на плоштадот Мајдан во февруари 2014 година, кога загина 5.500 луѓе.

За претседател на ова тело беше поставен адвокатот Никола Браца, со уште двајца претставници од Украина, еден од власта и еден од опозицијата.

Работата на Меѓународниот советодавен панел беше поздравена и прифатена и од меѓународните организации и од Русија, но и од украинските власти, кои се заложија за подобрување на состојбата.

Меѓународниот советодавен панел заклучи дека истрагата за насилствата на Мајдан не ги задоволува европските стандарди за човекови права, дека немало искрена волја да се спроведе истрага, како и дека истрагата не почнала бргу, што само по себе било предизвик за последователните истраги.

Потоа украинските власти ги спроведоа заклучоците кои беа објавени во март 2015 година

Кој е Никола Браца?

Николас Душан Браца е британски адвокат со српско потекло и поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права. Тој е роден на 3 март 1945 година, а школувањето го почнал и го завршил на колеџот „Вимблдон“. Службувал како советник на кралицата сè до 1998 година кога се вработил во Европската комисија за човекови права. Во 2001 година стана претседател на Судот за човекови права, а по двата мандати стана претседател на Меѓународниот советодавен панел за Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...