fbpx

Страхил Ангелов го осуди присуството на Станишев на протестите во Скопје

-

Лидерот на Партијата на европските социјалисти и поранешен претседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Сергеј Станишев, не го оправда своето присуство на антивладините протести во Скопје, изјави Страхил Ангелов, поранешен пратеник на БСП.

– Ако Бугарија требаше за нешто да протестира во Скопје, тоа е за антибугарската пропаганда, која без преседан ја спроведува македонскиот премиер Никола Груевски. Исто така, не смееме да ги заборавиме сите тие споменици со кои е преплавено Скопје, како и сите изјави и заклучоци на Македонската академија на науките и на уметностите – рече Ангелов.

Коментирајќи ја неодамнешната изјава на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, Ангелов рече дека постои историска вистина во неа затоа што зборува за поделба на Македнија, но оти Србија и Грција не биле вклучени.

– Ситуацијата е многу покомплексна. Луѓето тврдат дека протестите почнале откако владата го потпишала финансискиот договор со Кина. Знаете дека Кина лансираше неколку инвестиции во Македонија, кои се поврзани со транспортниот коридор. Пред еден месец имаше средба во Будимпешта, а рутата на гасоводот „Турски тек“ минува низ Македонија. Тоа е Ахиловата пета на рутата – вели поранешниот бугарски пратеник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...