fbpx

„Студентски пленум“: Ослободете ги сите приведени студенти

-

„Студентски пленум“ апелира да се ослободат сите приведени студенти што беа уапсени на протестите на 5 мај бидејќи, како што велат тие, мерката притвор е неоснована.

– Бараме и апелираме да се ослободат сите приведени студенти и да се бранат од слобода поради тоа што сметаме дека мерката притвор е прекумерна, неоснована и непотребна. Повеќепати сме покажале дека вредностите и политиката на „Студентски пленум“ се протестирање и искажување на незадоволството на мирен начин, без никакво насилно однесување кон полициски службеници или кој било друг. Сметаме дека на 5 мај протестот се одвиваше мирно сè до тој момент кога се инфилтрираа провокатори, кои го претворија протестот од мирен во насилен. Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се случи упад на полициски службеници и беше искористена непотребна прекумерна сила врз наши колеги студенти – вели Мишко Митревски од „Студентски пленум“.

Студентите велат дека не знаат дали е готов концептот за новиот закон за високо образование бидејќи ги напуштија работните групи со МОН, но продлжуваат да работат во групите кои се во рамки на УКИМ.

– Ние излеговме од преговорите за новиот закон за високо образование поради тоа што од МОН имаше недостиг од ентузијазам и од желба за креирање нов закон. Имаше доцнење на состаноци, откажување, првата фаза требаше да биде завршена за 45 дена, но не беше ни по 55-60 дена. Ние немаме намера да соработуваме со некој кој не нè сфаќа сериозно и продолжува да манипулира со нас. Во рамки на УКИМ продолжува работењето на работната група за законот, но немаме преговори со МОН. Работењето на законот ќе продолжи во рамки на Универзитетот, додека понатамошна соработка со Министерството не очекуваме сè додека не бидеме сфатени сериозно, а за тоа не гледам можност наскоро – вели Митревски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...