fbpx

Петерле: ЕУ мора решително да дејствува за да се стабилизира Македонија

-

Европската унија треба решително да дејствува за да помогне да се стабилизира состојбата во Македонија, која има јасна европска перспектива, смета словенечкиот европратеник од Европската народна партија и претседател на парламентарната делегација за Македонија, Алојз Петерле.

– Меѓуетничката, меѓурелигиозната, пост-тоталитарната и поствоената природа на Балканот не треба да се потцени. Иницијативата да се вклучат двајцата главни политички лидери во разговори е добар знак дека правиме сè за кризата да не ескалира. Нашата посветеност треба да биде поширока и доследна, со ангажирање на највисоко политичко ниво додека не се постигне решение – изјави Петерле.

Словенечкиот европратеник вели дека Македонија направила значителен прогрес и оти во интерес на ЕУ е да се зачува европската перспектива на Балканот.

– Сметам дека билатералните проблеми треба да бидат решени во текот на пристапните преговори бидејќи чекалната не ја обезбедува европската трансформациска моќ, која е потребна за интеграција на Балканот во ЕУ – изјави Петерле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...