fbpx
Таг: Берлински процес

таг: Берлински процес

Шолц: Западен Балкан мора побрзо да влезе во ЕУ

На самитот на земјите од Западен Балкан, германскиот канцелар Олаф Шолц уште една повика на што побрзо пристапување на шесте држави во Европската Унија, пишува германската новинска агенција ДПА.  „За мене нема сомнеж дека 20 години откако е ветено пристапувањето на овие земји, тоа наскоро мора и да се случи“ рече Шолц вчера во Тирана. Станува збор за Албанија, Босна...

Лидерите на Западен Балкан со договор за признавање на квалификациите на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерки и фармацевти

Лидерите на земјите од Западен Балкан во Тирана, денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, потпишаа Договор за меѓусебно признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите во контекст на Договорот за слободна трговија. Целта на овој Договор е да се воспостави автоматско признавање на професионалните квалификации врз основа на условите за обука и...

Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна, рече Ковачевски на Берлинскиот процес

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес кој се одржува во Тирана, учествуваше на првата работна сесија, посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ. Учесниците на сесијата, како што информираат од Владата, дискутирале за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка...

Ковачевски од Тирана: Ја унапредуваме соработката во Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска во Тирана учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. На средбата присуствуваа домаќинот и премиер на Албанија, Еди Рама, српската премиерка Ана Брнабиќ и црногорскиот Дритан Абазовиќ. Ковачевски изјави дека во фокус на...

Стапија во сила договорите за зголемена мобилност и движење со лични карти во Западен Балкан

Во Северна Македонија, Албанија и Косово денеска стапија на сила трите договори потпишани на 3 ноември лани во рамките на Берлинскиот процес, со кој на граѓаните им се овозможува слободно движење со лични карти во Западен Балкан, мобилност на студентите, професорите и академските работници, како и кратење на процедурите за признавање на стручните квалификации на докторите на медицина, забарите...

Чекор напред кон прифаќање на дипломите и движењето со лична карта во Западен Балкан

Собранието на РСМ денеска ги ратификуваше договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан. Трите договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември лани од страна на премиерите на Северна Македонија, Србија, Албанија,...

Пратениците да го промовираат Берлинскиот процес, бара Институтот за демократија

Најновата анкета на Институт за демократија покажа дека дури 80 отсто од граѓаните ја гледаат можноста за подолг период на работа во која било земја од Западен Балкан како атрактивна можност, а отворањето на границите меѓу земјите на Западен Балкан го сметаат за корисно 85 отсто од испитаниците. Освен тоа, можноста за користење на сопственото образование во сите земји...

Самитот на Берлинскиот процес со три важни договора потпишани меѓу земјите од Западен Балкан

Самитот на Берлинскиот процес, кој деновиве се одржа во германскиот главен град ги собра лидерите на сите шест земји од Западен Балкан и овозможи потпишување три договорa што се важни за регионалната соработка помеѓу земјите. Премиерите од балканската шесторка ги потпишаа договорите за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, за меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина,...

Ковачевски: Потребна е соработка на сите земји од регионот за да се постигнат целите на енергетската транзиција

Потребна е значителна соработка на земјите од целиот регион на Западен Балкан за да се постигнат целите за енергетска транзиција, а истовремено да се надминат предизвиците од енергетската криза. Ова го посочи премиерот Димитар Ковачевски на Сесија за енергетска стабилност и трансформација во рамки на Самитот за Берлинскиот процес, кој се одржува токму во Берлин, Германија. Како што соопшти Владата,...

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

Османи на состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ: Поминавме долг пат

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека „поминавме долг пат“ и постигнавме значајни резултати во меѓусебната соработка во рамки на германското претседателство со Берлинскиот процес за 2021 година. Османи учествуваше на денешниот состанок на министрите за надворешни работи со кој претседаваше германскиот министер, Хајко Мас. На средбата се дискутирале актуелни прашања поврзани со европската перспектива на Регионот во пресрет...

Берлин via Софија

Ете, дојде и помина тој долгоочекуван ден за годишниот самит на Берлинскиот процес, оваа година во Софија. Еден од главните столбови на Берлинскиот процес е решавањето на отворените билатерални прашања. Затоа овој самит требаше да биде симболичен триумф на пријателството меѓу ко-претседавачите Бугарија и Северна Македонија, пример како решавањето на билатералните прашања и регионалната сорaботка водат кон заедничка иднина...

Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

Лидерите од земјите на Западен Балкан на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска ги потпишаа двете декларации за Заеднички регионален пазар и за Зелената агенда. Двата документа се голем успех од заедничкото ко-претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, бидејќи ги обединуваат напорите на Западен Балкан за уште поблиско интегрирање кон нормите и...

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји. Бугарската министерка Захариева и денеска потврди дека Софија е подготвена да...

Османи: Неодржувањето на првата меѓувладина конференција ќе значи неуспех на Берлинскиот процес

Доколку поради забелешките од Бугарија до крајот на годината не се одржи првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, тоа ќе се смета за неуспех на Берлинскиот процес, бидејќи идејата зад лансирање на оваа иницијатива е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Во тој случај, товарот ќе биде на сите –...

Заев за Лондонскиот самит: Македонија имаше специјално место

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон вели дека Република Македонија имала специјално место на овој собир посветен на Регионалната економската соработка, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите. - Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место...

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро. „Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме...

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на самитот во Лондон е...

Конференција „Иднината на Берлинскиот процес“: Позитивен, но недоволно видлив

Берлинскиот процес за четири години создаде позитивни моменти во односите на Западен Балкан со Европската Унија и донесе извесни резултати, но за да се постигне целосниот потенцијал, потребно е да се зголеми видливоста на процесот во јавноста. Ова е заклучокот од денешната конференција „Иднината на Берлинскиот процес“, организирана од Институтот за демократија „Сосиетас цивилис“, на која учествуваа и амбасадорите на...

Напролет Македонија ќе биде домаќин на првиот регионален дигитален самит

Македонија ќе биде прва земја домаќин на регионален дигитален самит, кој во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи следната пролет, во април или во мај, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Манчевски рече дека при подготовката на концептот за самитот, биле вклучени бизнис-секторот, универзитетите и граѓанските организации. - Дигиталниот самит ќе трае два дена и ќе...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...