fbpx

Грчката влада размислува за зголемување на данокот на додадена вредност

Уште една голема грчка компанија, синџирот продавници за бела техника и за електронски уреди „Илектроники Атинон“, прогласи банкрот. На улица остануваат повеќе од 450 вработени и се затвораат 45 продавници низ цела Грција. Прогласувањето банкрот го шокираше грчкиот бизнис-сектор, кој живее во грч дека поради финансиската криза,...

Бегалската криза ги чинела државите 10,6 милијарди евра

Членките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) минатата година потрошиле двојно повеќе пари за покривање на трошоците на мигрантската криза, дури 10,6 милијарди евра, соопшти денеска таа организација. - Државите мораа да пронајдат голема сума пари за покривање на трошоците на историската бегалска...

ССК: Секоја компанија што се занимава со туризам, да го обучува кадарот

Tуристичките можности што ги нуди Македонија, потенцијалите за унапредување на туризмот, проширување на туристичката дејност во делот на алтернативниот туризам, како и за потребата за постојано инвестирање во туризмот за промоција на Македонија во европски и во светски рамки, бea темите на денешната прес-конференција на Сојуз...

Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто

Првичните податоци за кредитниот пазар за март 2016 година покажуваат понатамошен месечен пораст на кредитите, кој изнесува 0,9 отсто на месечна основа и е малку побрз во споредба со претходниот месец, соопштуваат од Народна банка - Најголемиот дел од кредитите се насочени кон секторот население,...

Умерен пораст на девизните резерви и покрај очекувањето за нивно намалување

Последните податоци за девизните резерви заклучно со март, покажуваат умерен пораст од почетокот на 2016 година, наспроти очекувањата за нивно намалување во рамки на октомвриската проекција, информираат од Народна банка. - Анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се...

НБРМ: Домашната економија во пораст со солидно темпо, политичките случувања влијаат ограничено

Според најновите показатели, домашната економија и понатаму е во пораст со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки, се вели во најновиот извештај на Народна банка. - Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви...

Цакалатос: На чекор до договор сме со кредиторите

Властите во Грција денеска соопштија дека се блиску до постигнување договор со меѓународните кредитори, и покрај прекинувањето на рундата преговори за најновите грчки реформи. - Блиску сме во постигнувањето договор со институциите. Дефинитивната одлука ќе биде донесена до 22 април или најдоцна до 26 април...

„Македонски телеком“ ќе исплаќа дивиденда од 17,09 денари по акција

Собранието на „Македонски телеком“ АД - Скопје на својата годишна седница денеска ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на друштвото за 2015 година. Собранието, на седницата усвои одлука за распоредување на нето-добивката, во износ од 1.474.683.110 денари (23.978.587 евра)...

Шест компании сертифицирани според Халал-стандард

На шесте компании, „Анета компани“, „Шест браќа“, „ХИТ 73“, „Витаминка“, „Алкалоид“ и „Виапром“, кои во текот на првиот квартал од 2016 година воведоа Халал-стандард, денеска на свечена церемонија им беа доделени сертификатите од Агенцијата за Халал-стандард во Македонија, која работи во рамки на ИВЗ. Министерот...

Се зголемува бројот на туристи и на ноќевања

Бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32.467, а бројот на ноќевања e 72.385. Во однос на истиот месец лани, бројот на туристите е зголемен за 9,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на домашните...

Николовски: На Кванташки се продаваат отровни краставици

Минатата недела на барање на потрошувачите и на домашните раноградинари, до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна, Албанија, а купени на Кванташки пазар за да се испита присуството на пестициди, изјави денеска на прес-конференција, дополнителниот заменик-министер за земјоделство...

Нафтата се одржа на 40 долари за барел

Цената на суровата нафта денеска се намали во тргувањето со Азија, но сепак се задржа на повеќе од 40 долари за еден барел, бидејќи трговците се радуваат на самитот на клучните производители на црното злато в недела, кога ќе стане збор за замрзнување на производството...

4.500 должници на новата листа на УЈП

На најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи се наоаѓаат повеќе од 4.500 граѓани, фирми и јавни претпријатија. Станува збор за долгови доспеани до 31 декември минатата година, а кои не биле платени до 31 март годинава за ДДВ, данок на...

Наумов: Ниту една одлука донесена од Ставрески не ми е доставена на потпис

„Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на министерот за финансии не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и за потпис. Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност и за сите наредни аукции, а се разбира и за...

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји...

Богов: Банките ги имаат контролните механизми за спречување нелегални трансакции

Народна банка не ги контролира нелегалните трансакции, а механизмите за нивна контрола ги имаат банките, чии системи се под надзор на централната банка. Ова беше појаснето на брифингот со новинарите на гувернерот Димитар Богов и на неговите соработници, во врска со сите прашања за улогата...

Во февруари се издадени 335 одобренија за градење

Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење, што е за 48,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.872.239.000 денари, што е за 228,3 отсто повеќе...

Грција ја покани Македонија на балкански бизнис-форум во Солун

Грција во јули ќе организира балкански бизнис-форум на кој се поканети Македонија и другите балкански држави. Бизнис-конференцијата на која ќе се разговара за можностите за продлабочување на регионалната економска соработка ќе се одржи на 7 и на 8 јули во Солун. За форумот грчкиот заменик...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија со 3,7 проценти

Пораст на македонската економија од 3,7 проценти за оваа и зголемување на 4 отсто во 2017 година, предвидува Светска банка во нејзиниот најнов извештај. Невработеноста е намалена на 26,1 отсто, сиромаштијата за 2 отсто. - Најбрз пораст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а...

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...