fbpx

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

-

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји се одвива во согласност со договорот, односно, според информациите добиени од Државниот инспекторат за земјоделство, нема застој на албанските камиони, туку само позаострена контрола на преминот.

Поради сомневање за зголемено количество пестициди во земјоделските производи, засилена контрола била извршена на осум камиони, од кои четири се веќе пуштени.

– Имено, во согласност со ЦЕФТА, доколку постои сомнеж дека во увезените производи има пестициди, се дава можност за забрана или ограничување на увозот, односно извозот или транзитот на стоки, до соодветното испитување (член 17). Тоа подразбира обезбедување на потврда од овластени акредитирани лаборатории во Македонија или преку претходно доставен доказ на граничните служби во Македонија, од страна на  овластена и меѓународно признаена акредитирана лабораторија од Албанија. Во согласност со ЦЕФТА, овој тип забрани или ограничувања не претставуваат средство за самоволна дискриминација или прикриено ограничување на трговијата помеѓу страните -информираат од Министерство за економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90...