fbpx

Нафтата се одржа на 40 долари за барел

-

Цената на суровата нафта денеска се намали во тргувањето со Азија, но сепак се задржа на повеќе од 40 долари за еден барел, бидејќи трговците се радуваат на самитот на клучните производители на црното злато в недела, кога ќе стане збор за замрзнување на производството и за ублажување на презаситеноста со понудата.

Главната тема на состанокот ќе биде предлогот за замрзнување на производството на нафта на ниво од јануари, за да се ублажи ситуацијата со преголемата понуда која ги урна цените на минимум.

Намалувањето на испораките и прилагодувањето на производството како одговор на ниските цени на нафтата би помогнале во воспоставување на пазарна рамнотежа.

Но, побарувачката во првата половина на 2016 година е многу послаба во однос на истиот период лани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...