Tуристичките можности што ги нуди Македонија, потенцијалите за унапредување на туризмот, проширување на туристичката дејност во делот на алтернативниот туризам, како и за потребата за постојано инвестирање во туризмот за промоција на Македонија во европски и во светски рамки, бea темите на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК).
Според претседателот на Туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим, туризмот е еден од најбрзорастечките економски сектори кој располага со големи можности за привлекување странски и домашни гости, што воедно значи и можност за нови работни места.
– Вложувањето во туризмот, во угостителството и во кулинарството како нераздвојни туристички сегменти, развојот на кадар и иновативноста несомнено даваат позитивни резултати. Во оваа насока, инвестирањето во обучување на квалитетен кадар треба да биде девизата на секоја компанија со дејност туризам во Македонија. Едукацијата и усовршувањето сочинуваат континуиран процес, но прецизноста и следење на правилата се круцијални за константност и за квалитет – истакна Керим и ја посочи можноста за поголема посетеност на Македонија од европските туристи.