fbpx

Грција го ограничува бројот на дневни посетители на Акрополот

Околу 23.000 луѓе дневно „се стискаат“ во споменикот, при што главно одат големи групи кои го посетуваат претпладне

-

Посетите на Акрополот во Атина, најстарото археолошко наоѓалиште во Грција, од следниот месец ќе бидат ограничени на најмногу 20.000 посетители дневно. Воведени ќе бидат и разни ограничувања околу тоа кој час ќе може да се влезе, објави „Катимерини“, повикувајќи се на вчерашното соопштение на грчката влада.

Министерката за култура на Грција, Лина Мендони рече дека контролите се потребни за да се спречи пренатрупаноста на Акрополот, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Околу 23.000 луѓе дневно „се стискаат“ во споменикот, пишува „Катимерини“, при што главно одат големи групи кои го посетуваат претпладне.

Новите ограничувања за влез ќе бидат тестирани почнувајќи од 4 септември, а трајно ќе стапат во сила од 1 април следната година.

Според новите правила, 3.000 луѓе ќе добијат пристап од 8 до 9 часот наутро, 2.000 во текот на следниот час, а бројките остатокот од денот ќе варираат.

Нема да има ограничувања за тоа колку долго може да траат посетите, а министерката информираше дека организираните групи во просек поминувале по 45 минути на локацијата.

Според статистиките на грчките власти, атинскиот Акропол минатата година го посетиле повеќе од 3 милиони луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...