fbpx

Се зголемува бројот на туристи и на ноќевања

-

Бројот на туристите во февруари 2016 година изнесува 32.467, а бројот на ноќевања e 72.385. Во однос на истиот месец лани, бројот на туристите е зголемен за 9,2 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани, е зголемен за 17,6 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи за истиот период е зголемен за 19,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,9 отсто.

Во првите два месеци годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,9 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 16 отсто, а кај странските има зголемување за 11 отсто.

Во периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 18,2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 24,2 отсто, а кај странските има зголемување за 13,8 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...