fbpx

„Фридом хаус“: Македонија тоне на скалата на демократско владеење

-

Американската организација „Фридом хаус“, која ги следи состојбите со демократијата, политичките слободи и со човековите права, во својот извештај за 2016 година го оценува демократското владеење во Македонија со 4,29, што е најлош резултат за земјава во изминатите 10 години (Скалата на „Фродом хаус“ се движи од 1 до 7, на која 1 е оценка за најдобар, а 7 за најлош резултат).

Во извештајот, кој се однесува на цела 2015 година, е даден осврт на сите случувања минатата година, од објавувањето на акцијата „Пуч“, објавувањето на прислушуваните разговори од опозицијата и почетокот на политичката криза, настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај и Договорот од Пржино со активностите и со сопките за негово спроведување.

„Демократското владеење во Македонија продолжи да се влошува во 2015 година, во која земјата ја доживеа најлошата политичка криза од 2001 година. Пречекорувањето на надлежностите од страна на владејачките партии доведе до масовна корупција и до скандали со изборни манипулации“, се наведува во извештајот.

Според извештајот, назадување има во сите области анализирани од „Фридом хаус“. Единствено напредок бележи рејтингот на граѓанското општество.

Прогнозите на „Фридом хаус“ за 2016 година се дека од имплементацијата на Договорот од Пржино ќе зависи дали Македонија ќе успее да се стабилизира и да се консолидира преку политички дијалог. Околу предизборната кампања, анализата на американската организација е дека таа ќе биде во знакот на скандалот со прислушуваните разговори, како и на етноцентричната и конфронтирачка реторика.

„Спроведувањето и резулатот од изборите, како и истрагата на правосудните органи за случаите од незаконското прислушување обелоденети во 2015 година, ќе бидат клучните фактори за воспоставување правец на демократско владеење во 2016 година“, стои во извештајот на „Фридом хаус“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...