fbpx

Уапсени 400 лица на мирен протест во Вашингтон

-

Американската полицијата во Вашингтон уапсила повеќе од 400 лица кои протестирале пред Капитол хил поради „сè поголемото влијание на парите во американската политика“.

Протестот го организирала групата Демократска пролет, чија цел е да се оддалечат големите пари од политиката. Претежно мирниот протест резултирал со апсење затоа што не бил најавен.

Организаторите велат дека ќе ги повторуваат демонстрациите секој ден во текот на седум дена, а со протестот бараат од Конгресот да „преземе итна акција за да се оконча корупцијата и да се отстранат големите пари од политиката и од чесните избори“, вели организацијата на својата интернет-страница.

Демократска пролет влече корења од движењето „Окупирај го Лос Анџелес“, а иако се наклонети кон демократите, велат дека не се приврзаници на ниту еден од нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.