fbpx

Владата предлага вонредна состојба во целата држава, Спасовски апелира на одговорно однесување

-

Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред малку соопшти дека на последната владина седница било одлучено да се предложи прогласување вонредна состојба во државата, за справување со корона вирусот. Тој неколку пати во своето обраќање кон граѓаните повтори дека секој мора многу одговорно да се однесува.

– Ова што ни се случува е вонредна ситуација која бара вонредна состојба. Немаме повеќе ни најмала дилема во однос на ова прашање. Затоа, денеска одлучивме да предложиме воведување вонредна состојба на територијата на целата држава. Мерките кои досега се носеа ги дадоа очекуваните резултати, но потребно е да се радикализираат за да спречиме колку е можно уште поголем пик на болеста во кратко време. Таквата ескалација може да ја спречиме само со воведување вонредна состојба на целата територија на државата – рече Спасовски.

Тој објасни дека постои уставна одредба дека претседателот има овластување да прогласи вонредна во траење од 30 дена.

– За прв пат  во историјата на нашата држава се случува да биде воведена ваква мерка. Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела било која влада од постоењето до денес. Ништо повеќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас и во светот. Затоа, потребно е секој од нас да се прилагоди на вонредноста и да преземе крајно одговорно однесување. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите да се однесуваме одговорно. Политиканството да го оставиме за некои други времиња. Сега е време да се справуваме со вирусот и ништо друго. Сите да се кренеме на висината на задачата и ќе ја совладаме оваа ситуација – рече премиерот.

Ова не значи дека по автоматизам ќе има рестикции на слободите и движењата на граѓаните, додаде тој.

– Ако има нови рестрикции и мерки, тие ќе се носат на дневно ниво, за што ќе информираме редовно. Владата ќе може да делува непречено со вирусот. Само со вонредна состојба, ќе можеме да помагаме на погодените граѓани и на комапниите. Здравствените работници, полицијата, армијата, институциите, Владата, работниците успешно да ги остваруваат нивните задачи во справување со оваа хуманитарна криза. Апелирам сите сериозно, најсериозно да ја сфатат состојбата и доследно да ги почитуваат сите мерки на Владата – рече Спасовски.

Тој истакна дека од утре, секој кој сака да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да се врати. Побара граѓаните да не ѝ пркосат на болеста.

– Вонредната состојба, укажав дека е една од најтешките одлуки и одлука која не ја посакуваме, но која е нужна за да се справиме со ситуацијата. Ова значи дека Владата ќе носи уредби со законска сила и полесно ќе се справува таму каде што ќе треба да има одредени промени, пред сè, од аспект на економијата. Ќе носиме мерки кои ќе помагаат на економијата и на јавното здравје. Не се грижете, има доволно залихи на храна и на гориво. Животот се одвива нормално. Да не ги преполнуваме маркетите да не купуваме сè што ќе ни дојде при рака. Има непречен дотур на стоки зашто тоа е договорено, транспортот непречено да се одвива – aпелира премиерот.

Тој реагираше за забавите што се прават во приватни куќи во време на пандемија.

– За некого е поважно да изнајмува вили во Сопиште и да си прави журки. Тоа нема да биде дозволено во иднина. Кога кажуваме дека не треба да има собири, не треба да има собири. Нема да се толерира вакво крајно неодговорно однесување. Мора сите ние да се ставиме во поинаков режим. Ако сите заедно придонесеме, оваа ситуација ќе трае пократко. Не може некои пред 4-5 дена да заминат на патување во странство, зашто имале карти – додаде Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...