fbpx

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

-

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во многу сегменти од планирањето на сообраќајот, особено во делот на решавањето на проблемот со паркирањето во Скопје.

Од Градот Скопје за „Мета.мк“ велат дека не се откажале од идејата за изградба на Park & Ride паркинг терминали на периферијата на главниот град, кои би биле наменети за оставање на возилата на граѓаните од другите градови. На овој начин, значително би се намалил недостигот на паркинг места во градското подрачје. Сепак, неопходно е најпрво скопските општини да определат локации на кои би се изградиле ваквите паркинзи во нивните детални урбанистички планови.

Воедно, градските власти очекуваат дека со Студијата за реструктурирање на автобускиот превоз во Скопје ќе се опфати и проектната задача за новата мрежа на градско-приградски линии. Имено, освен што ќе треба да се изградат новите Park & Ride паркинг терминали, ќе биде потребно да се воведат автобуски линии од овие локации до најзначајните дестинации во Скопје за превоз на граѓаните што ќе го остават својот автомобил на ваквите паркинзи.

–  Секторот за соoбраќај очекува најдобри и најрелевантни податоци а во врска со воведување на Park & Ride паркинг терминали, да се добијат од Студијата за мобилност на територијата на Град Скопје, во рамките на проектот SUMP, каде што како основа ќе се дефинираат изворите и целите на патување, големината на патување а при тоа, земајќи ја во предвид и новата мрежа на линии, при што ќе се утврдат микролокациите за воведување на Park & Rade паркинг терминали – се вели во одговорот на Градот Скопје.

Главниот град во моментов се соочува со сериозни проблеми со недостигот на паркинг места, особено во централното градско подрачје. Точни бројки во однос на ова прашање не постојат, но проценките се дека на Скопје му недостигаат околу 8.000 места за паркирање на возилата, под услов бројката на нови возила да престане да расте во наредниот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...