fbpx
Таг: воена агресија

таг: воена агресија

Руско ракетирање на украински градови, во Миколаив погоден универзитет, во Одеса рекреативен центар

Борбите на линиите на фронтот во Украина продолжуваат, заедно со руското ракетирање на населени места кои се под украинска контрола. Најмалку три лица се повредени во ракетирањето на регионот Одеса, при што е уништен рекреативен центар и неколку приватни објекти, јавува Гардијан. Украинформ пренесува за жестоко гранатирање на пристанишниот град Миколаив, при што со две ракети е погодена универзитетска зграда....

Од почетокот на руската агресија, во Украина биле погодени над 22.000 цивилни објекти

Од 24 февруари како почеток на руската агресија врз Украина до денес, руските сили погодиле над 22.000 цивилни објекти низ целата земја, информираше првиот заменик-министер за внатрешни работи на Украина, Јевхениј Јенин, пренесува Укринформ. Руските сили оштетиле или уништиле само околу 300 воени објекти во изминатиов период. Јенин вели дека руските ракети летаат над нуклеарни централи и хемиски фабрики, како...

Русија гранатира пристаништа и градови во Украина, има загинати и повредени лица

Градови и села во Харкивскиот, Днипропетровскиот, Донецкиот и Миколаивскиот регион се гранатирани од руските сили во текот на изминатово деноноќие, при што има загинати и повредени лица. Во руското ракетирање на градот Краматорск во Донецкиот регион загинаа три лица, пренесува Гардијан. Како последица на рускиот ракетен напад на населеното место Змијив во Харкивскиот регион, тројца цивили биле повредени, јавува Укринформ....

Украина нема да ги признае резултатите од псевдореферендумите за отцепување на делови од земјата

Украина и целиот свет нема да ги признаат резултатите од т.н. псевдореферендуми за повторно обединување со Руската Федерација, кои окупациските сили на југот на Украина планираат да ги одржат во регионите Херсон и Запорожје. Како што информираат од Украинската амбасада во Скопје во испратениот нон-пејпер до медиумите, организирањето нелегални референдуми е кривично дело според украинското законодавство. „Брзањето со кое тие...

Уништени најмалку осум воени авиони во нападот врз руската база на Крим

Најновите сателитски снимки од 10 август од руската воена база Саки на Крим покажуваат големи штети и уништени руски воени авиони по експлозиите кои се случија завчера во рамките на оваа воздухопловна база, пишува Гардијан. Во експлозиите се уништени најмалку осум воени авиони, а засега останува нејасна причината поради која настанале експлозиите. Украинските власти засега не ја презедоа одговорноста за...

Во руското гранатирање на Никопол загинаа најмалку 13 лица

Во синоќешното гранатирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион загинаа најмалку 13 лица, а најмалку 11 цивили се повредени, јавува Укринформ. Погодени се станбени населби во градот, лоциран од десната страна на реката Дњепар. Руските сили, кои се наоѓаат на левата страна на реката во регионот Запорожје, истрелале 80 ракети и погодиле 20 станбени згради, административен центар, две школи,...

Русија пробува да шири дезинформации и покрај забраните, отворени десетици нови сајтови низ светот

Откако Русија ја нападна Украина во февруари годинава, Европската Унија ги блокираше РТ и Спутник, два од водечките канали на Кремљ за ширење пропаганда и дезинформации поврзани со војната. Речиси шест месеци подоцна, бројот на сајтови кои ја промовираат истата содржина порасна, бидејќи Русија најде начини да ја избегне забраната. Тие ја ребрендираа својата работа за да ја маскираат...

Уапсени руски шпиони во Украина, планирале да го убијат министерот за одбрана

Украинските власти соопштија дека уапсиле две лица кои работеле за руските разузнавачки служби и имале задача да го убијат украинскиот министер за одбрана, како и раководителот на национална служба за воено разузнавање и неименуван украински активист, пренесува Гардијан. Двете лица се веќе во притвор, а работеле за руската воено-разузнавачка агенција ГРУ. Едно од лицата било од Луганск, додека второто...

ОН бара пристап за инспектори во нуклеарната електрана во Запорожје, борбите продолжуваат

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш упати апел на меѓународните инспектори да им биде овозможен пристап во нуклеарната електрана во Запорожје, која е под руска окупација од изминатава пролет, јавува Гардијан. Гутереш изјави дека било каков напад врз нуклеарната електрана е самоубиствен чин. Гранатирањата од двете страни во конфликтот продолжија и во изминатово деноноќие. Украинските власти информираа дека...

Британското разузнавање предупредува дека војната во Украина влегува во нова фаза на јужниот фронт

Британското разузнавање и Министерството за одбрана во најновите извештаи предупредуваат дека војната во Украина влегува во нова фаза, во која жариштето на борбените дејствија ќе се префрли од Донбас на јужниот фронт, на потегот околу реката Дњепар во регионите Херсон и Запорожје, пренесува Гардијан. Британското Министерство за одбрана информира дека долги колони на руски камиони, тенкови, артилерија и друго оружје...

„Амнести интернешенел“ со критика до Украина, Зеленски бара да не се оправдува руската инвазија

Невладината организација „Амнести интернешенел“ вчера ги обвини украинските сили за прекршување на меѓународното право и за загрозување на цивилите во нивната одбрана од руската инвазија, пренесува Гардијан. Во извештајот на „Амнести интернешенел“ се наведуваат инциденти во 19 градови и населени места, во кои, веројатно, украинските сили ги загрозиле животите на цивили со воспоставување на бази во станбени објекти. Украинската канцеларија...

Русија продолжува со гранатирањето на украински градови, загинаа најмалку четири лица

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко. Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми...

Украина ја напуштиле 10 милиони лица од почетокот на руската инвазија, борбите продолжуваат

Надмината е бројката од 10 милиони лица коишто ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари годинава, информираат Обединетите нации, пренесува Гардијан. Најголемиот дел од овие лица се бегалци коишто пронајдоа засолниште во некоја од европските земји, првенствено во Полска. Во меѓувреме, на терен продолжуваат борбите во кои страдаат цивили. Украинската воена команда денеска информираше...

Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање

Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското жито ќе ѝ донесе на Украина прилив од најмалку една милијарда евра. Почетокот на извозот...

Русија со внатрешни соработници сакала да ја окупира Украина, еден од нив фатен на српско-македонската граница

Со внатрешни соработници во украинските безбедносни служби и мрежа на инфилтрирани тајни агенти, Русија сметала дека ќе може да ја освои Украина и да ја смени власта на самиот почеток на воената агресија што започна на 24 февруари годинава, пишува Ројтерс во обемното истражување објавено вчера. Меѓу високите досегашни украински претставници кои се сомничат за соработка со Русија во обидот...

Интензивни ракетирања на украински градови, десетина лица загинаа изминатово деноноќие

Руските сили ги интензивираа ракетирањата на украинските градови во изминатово деноноќие, а бројот на загинати и повредени лица е зголемен. Во Донецкиот регион најмалку осум цивили загинаа, а 19 се повредени во нападите врз градовите Бахмут, Торецк, Орливка, Хирнук и Соледар, јавува Укринформ. Две лица го загубија животот од морска мина во приморскиот град Коблево на Црното море. Лицата биле...

Најмалку пет загинати и 25 повредени во руски ракетен напад на градот Кропнивицки

Во рускиот ракетен напад на градот Кропнивицки во централниот дел на Украина загинаа најмалку пет лица, а 25 се повредени, јавува Би-би-си. Нападот се случил попладнево во 12:22 часот по локално време, а во нападот била погодена академијата за авијација на Универзитетот за национална авијација и хангари на авијациска компанија. Меѓу загинатите лица во рускиот ракетен напад, едно лице е...

Украина со контраофанзива на југот, руските сили ја зазедоа втората по големина електрана

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај вели дека украинската контраофанзива на југот на земјата зема замав откако тие успеале да воспостават премин јужно од реката Ингулец, која што ја формира северната граница на регионот Херсон, пишува Гардијан. Украина ја користи новата артилерија со долг дострел за да оштети најмалку три мостови на реката Дњепар, во обид да ги отсечат...

Зеленски тврди дека речиси 40.000 руски војници загинале во војната, борбите на терен продолжуваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во најновото обраќање изјави дека речиси 40.000 руски војници загинале од почетокот на воената агресија во Украина на 24 февруари годинава, пренесува Гардијан. Тој додаде дека руската власт четири месеци не им обезбедува на нивните граѓани податоци за загубите на руската армија на фронтот. „Целосен молк. Ништо не е објавено или кажано во бројните интервјуа и...

Русија ги ракетираше Миколаив и Харкив, се подготвуваат за нова офанзива на истокот

Руските сили повторно ги ракетираа градовите Миколаив и Харкив, каде што се уништени објекти во изминатово деноноќие, јавува Гардијан. Погодена е инфраструктура во пристаништето на Миколаив на Црното море, а покрај овој град, самиот регион Миколаив е гаѓан со ракети од системи за противвоздушна одбрана С-300 од окупираниот регион Херсон. Изминатава ноќ се ракетирани и градовите Харкив и Чухуив, при...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...