fbpx

Најмалку пет загинати и 25 повредени во руски ракетен напад на градот Кропнивицки

-

Во рускиот ракетен напад на градот Кропнивицки во централниот дел на Украина загинаа најмалку пет лица, а 25 се повредени, јавува Би-би-си. Нападот се случил попладнево во 12:22 часот по локално време, а во нападот била погодена академијата за авијација на Универзитетот за национална авијација и хангари на авијациска компанија.

Меѓу загинатите лица во рускиот ракетен напад, едно лице е украински војник, додека 12 од повредените се воен персонал. Останатите загинати и повредени лица се цивили, јавува Укринформ. 

Во рускиот ракетен напад се уништени два патнички авиони и еден авион Антонов-26. На местото на нападот се наоѓаат спасувачки екипи и истражни органи, а украинските власти засега не објавуваат фотографии од ракетниот напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...