fbpx
Таг: воена агресија

таг: воена агресија

Украинските сили ги оштетија сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон, планираат офанзива

Американскиот Институт за проучување на војната во својот најнов извештај наведува дека украинските сили заклучно со 24 јули успеале да ги оштетат сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон на југот на Украина, пренесува Укринформ. Користејќи ги ракетните системи со високи перформанси ХИМАРС, украинските сили се обидуваат да ги отсечат руските сили кои се наоѓаат на западниот...

Нови ракетирања на руските сили во регионите Донецк и Днипропетровск, загинаа шест цивили

Најмалку шест цивили загинаа, а десетици се повредени во најновите ракетирања на руските сили на населени места во регионите Донецк и Днипропетровск, јавува Укринформ. Во изминатово деноноќие пет лица загинаа во гранатирањето на градовите Сиверск, Павливка и Маринка, а најмалку 10 лица биле повредени во Донецкиот регион. Руските сили извршија и масивен ракетен напад на градовите Никопол, Криви Рих и...

Во Украина загинале 15.000 руски војници, борби се водат за втората по големина термоелектрана во земјата

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс изјави дека проценките на САД се дека од почетокот на воената агресија врз Украина, Русија изгубила околу 15.000 војници, додека околу 45.000 војници биле повредени, пренесува Гардијан. Брнс додаде дека загубите и на украинска страна се големи, но најверојатно како бројка се нешто помали од руската страна. Покрај загинати и повредени...

Русија планира да ги анектира окупираните територии во Украина по примерот на Крим

Со идентичната тактика како од 2014 година, Русија планира најрано во септември да ги анектира окупираните територии од Украина, предупреди портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби. Американските податоци велат дека анексирањето кон Русија ќе ги опфати териториите на украинските региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск, пренесува Гардијан. Русија се обидува да постави сопствена власт во окупираните региони,...

Најмалку шест повредени лица во руското ракетирање на Одеса, борбите во Донецк продолжуваат

Најмалку шест цивили се повредени во руското ракетирање на регионот Одеса во текот на изминатата ноќ, јавува Укринформ. Седум ракети „Калибар“ биле истрелани од Црното море, при што погодено било село во овој регион. Три куќи биле уништени од бомбардирањето, а меѓу повредените лица е и едно дете. Оштетени се и училиште и културен центар. Борбите продолжуваат во Донецкиот регион,...

Зеленски ги отпушти шефот на државната безбедност и главната обвинителка на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени шефот на украинската служба за државната безбедност СБУ, Иван Баканов и главната обвинителка на Украина, Ирина Венедиктова, пренесува Гардијан. Главната причина за отпуштањето на две клучни фигури од украинското државно раководство се случаите на соработка со Русија на вработени лица во СБУ и украинското обвинителство. Зеленски во своето образложение рече дека досега 651 кривична...

Рускиот ракетен напад врз украинска Виница досега одзеде 23 животи, се стравува за 39 исчезнати лица

Рускиот ракетен напад врз центарот на украинскиот град Виница досега одзеде 23 животи, а меѓу загинатите се и три деца, јавува Гардијан. Украинските сили продолжуваат со потрагата по преживеани лица под урнатините на погодените згради - објект со канцелариски простор, станбена зграда, паркинг и културен центар. Десетици лица се повредени во ракетниот напад, а стравувањата на украинските власти се...

Руски ракети погодија станбена зграда и возила во украинска Виница, најмалку 20 загинати лица

Русија со ракети го гранатираше градот Виница во централниот дел на Украина, при што најмалку 20 лица загинаа, јавува Укринформ за последниот биланс на загинати лица. Јуроњуз пренесува дека во страшниот напад има околу 90 повредени лица, а украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше нападот како отворен акт на тероризам од Русија. Украинските власти информираат дека три ракети „Калибар“ истрелани...

Руските сили со ракети ги погодија Миколаив и Краматорск и се обидуваат да го заземат Сиверск

Хотел и трговски центар беа погодени утрово од руското гранатирање на пристанишниот град Миколаив на Црното Море, јавува Укринформ. Објектите се наоѓаат во централното градско подрачје, а биле истрелани девет ракети од ракетен систем С-300 врз градот. Во Миколаив се погодени и две образовни институции, како и транспортна инфраструктура во градот. Овој град на југот на земјата во изминативе денови...

Русија и Украина ќе преговараат во Турција за да се деблокира извозот на житарки

Претставници на Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул со турските власти и Обединетите нации (ОН) за да разговараат за прекин на неколкумесечната блокада за извоз на житарки од Украина, јавува Гардијан. Со почетокот на руската агресија врз Украина, руската војска целосно го прекина поморскиот сообраќај кон украинските пристаништа за бродовите кои превезуваат жито, со што се предизвика...

Украина се обидува да го извезе житото по морски пат, во Харкив најмалку шест загинати во ракетен напад

Откако успеа да го ослободи Змискиот остров од руските сили, во Украина пристигнаа првите осум странски бродови за транспорт на житарици, јавува Укринформ. Поморскиот транспорт со бродовите би се одвивал преку каналот Дунав-Црно Море, при што превозот на житарици е овозможен по ослободувањето на Змискиот остров којшто овозможи деблокада на движењето на бродови низ овој канал. Поради руската поморска блокада...

Најмалку седум цивили загинаа од руското гранатирање на Харкивската и Донецката област

Најмалку седум цивили загинаа во руското гранатирање на населени места во Харкивската и Донецката област. Гардијан пренесува дека во Донецката област била погодена станбена зграда во градот Часив Јар, каде што загинале шест лица, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат над 34 лица. Во рускиот напад се повредени и најмалку пет лица. Уште еден напад врз цивилни објекти...

Украинските сили одбија напад врз Словјанск, но се стравува дека градот ќе биде нападнат заедно со Краматорск

Украинските воени сили успеаја да го одбијат нападот врз градот Словјанск во Донецката област во близина на Бородичне, при што руските сили биле приморани да се повлечат, јавува Укринформ. Сепак, британското Министерство за одбрана и Институтот за истражување на војната предупредуваат дека руската војска во најновата офанзива би можела да изврши симултан напад врз Словјанск, но и врз Краматорск како...

Европскиот парламент со нова проценка за политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Косово и Србија

Европскиот парламент денеска ја презентираше својата проценка за политичката ситуација во три земји-пристапнички: Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Босна и Херцеговина: Ставање крај на политичкиот ќорсокак и унапредување на реформите Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на Босна и Херцеговина. Сепак, тие силно ги осудуваат сите реторики на омраза и попречувачки дејствија, вклучително и повлекување и опструкција на...

По завземањето на Лисичанск, руските сили продолжуваат со напади за нов продор во Украина

Откако руските сили вчера го освоија градот Лисичанск и навлегоа во него, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека украинските вооружени сили ќе се вратат во градот благодарение на нивната тактика „и зголемувањето на дотурот на модерно оружје“, ситуацијата во Украина утрово е мачно вообичаена. Руските сили преземаат низа напади на повеќе места, а во борбените дејствија во изминатите 24...

Украина им нареди на војниците да се повлечат од Северодонецк, Русите влегоа во предградијата на Лисичанск

Гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдај објави дека украинските војници ќе мора да се повлечат од градот Северодонецк за да заземат нови, утврдени позиции во натамошните борби, јавува Укринформ. Тој воедно напиша дека во предградијата на соседниот град Лисичанск веќе влегле руските сили, но засега се сопрени да напредуваат подлабоко во градот. „Русите речиси целосно го уништија Северодонецк, целата клучна...

Почна борбата за Лисичанск, Зеленски обвинува дека Русија сака целиот Донбас да го претвори во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето најново обраќање до нацијата изјави дека руските сили се обидуваат да ги уништат градовите во Донбас на истиот начин како што тоа го направија со пристанишниот град Мариупол, пренесува Гардијан. „Лисичанск, Словјанск, Краматорск - тие целат било кој град да го претворат во Мариупол. Целосно уништен“, рече Зеленски. Гардијан го пренесува и најновиот извештај на...

Русите се приближуваат кон Лисичанск, пара-војската на Донецката република изгубила над половина од војниците

Регионалниот гувернер на Луганската област, Серхиј Гајдај денеска објави дека руските сили се приближуваат до Лисичанск, последниот град кој е под контрола на украинските сили во оваа област, јавува Укринформ. Русите оствариле напредок во околните населени места околу Лисичанск, додека во градот има воздушни напади од руската авијација. Во соседниот град Северодоњецк продолжуваат уличните борби меѓу украинските и руските сили,...

Жестоките борби во Донбас продолжуваат, Русија се обидува да продре со војска од Изијум

Русија ги обновува своите обиди да продре со војска во правец од градот Изијум во Харкивската област кон Донбас, објави британското Министерство за одбрана, пренесува Гардијан. Целта на руската војска е да продре длабоко во Донбас и да се обиде да ги опколи украинските сили кои ги бранат позициите околу градот Северодонецк и другите населени места од Донецката и...

Војната во Украина: Борбата за Северодонецк сè повеќе наликува на Мариупол

По еден месец борби за окупирање на градот Северодонецк во Луганскиот регион, борбите сè повеќе наликуваат на страдањата кои ги доживеа пристанишниот град Мариупол изминатава пролет. Русија соопшти дека утрово ќе отвори хуманитарен коридор за извлекување на цивилите и украинските борци од хемиската фабрика Азот лоцирана во Северодонецк. Би-би-си јавува дека хуманитарниот коридор води кон територија контролирана од руските...

Не е вистина дека претседателот на државата нема никакви ингеренции

Објава неточно тврди дека претседателот нема никакви надлежности и дека за сè треба да го прашува премиерот. Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант...