Жестоките борби во Донбас продолжуваат, Русија се обидува да продре со војска од Изијум

-

Русија ги обновува своите обиди да продре со војска во правец од градот Изијум во Харкивската област кон Донбас, објави британското Министерство за одбрана, пренесува Гардијан. Целта на руската војска е да продре длабоко во Донбас и да се обиде да ги опколи украинските сили кои ги бранат позициите околу градот Северодонецк и другите населени места од Донецката и Луганската област.

Укринформ јавува дека руските сили се групираат за напад во правец на градот Словјанск во Донецкиот регион. Борбите продолжуваат во реонот на Краснопилиа, при што руската војска извршила и артилериски напади на повеќе населени места во овој регион.

Руските сили се обидуваат да ја спречат украинската војска во Харкивската област да ја ослободи окупираната територија во правец кон украинско-руската граница.

Најжестоки борби се водат во околината на Северодонецк, а засега руските сили не напредуваат откако го зазедоа овој град во Луганската област. Укринформ јавува дека непријателот со различни средства ги напаѓа украинските сили и цивилните објекти во Лисичанск, Метиолкино, Устунивка и Воронове. Во правец кон градот Бакхмут, руската војска извршила артилериски напади кон Золоте, Спирне, Берестове, Соледар, Клунове и Троицке.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...