Украинските сили одбија напад врз Словјанск, но се стравува дека градот ќе биде нападнат заедно со Краматорск

-

Украинските воени сили успеаја да го одбијат нападот врз градот Словјанск во Донецката област во близина на Бородичне, при што руските сили биле приморани да се повлечат, јавува Укринформ.

Сепак, британското Министерство за одбрана и Институтот за истражување на војната предупредуваат дека руската војска во најновата офанзива би можела да изврши симултан напад врз Словјанск, но и врз Краматорск како два најголеми града во Донецката област што се наоѓаат под контрола на украинските сили.

Укринформ ја пренесува анализата на Институтот за истражување на војната, во која се вели дека руските сили би може да го заобиколат Барвинкове и да нападнат од овој правец или да се придвижат преку автопатот Изијум-Словјанск за да напредуваат кон Краматорск.

„Руските сили можеби пробуваат да воспостават услови за евентуален напад на Краматорск – што би се одвивало паралелно со напредокот кон Славјанск“, се наведува во анализата.

Британското Министерство за одбрана во своето соопштение вели дека руските сили се подготвуваат за напад на градот Сиверск во Донецката област. Тоа би им било првичната цел пред да се обидат на напредуваат кон нивната најзначајна цел – урбаната област Словјанск-Краматорск, јавува Гардијан. Инаку, Краматорск пред почетокот на војната имаше 150.000 жители, додека Словјанск пред руската агресија имаше околу 140.000 жители.

Гардијан ги пренесува извештаите на украинските власти за артилерските напади во Харкивска област во текот на изминатово деноноќие, во кои загинале најмалку четири цивили, а девет лица биле повредени. Во оваа област, руските сили биле спречени од Украинците да напредуваат во правец кон населеното место Дементивка.

Украинските сили успеваат да извршат офанзивни дејствија во Херсонската област на југот на земјата, каде што се обидуваат да ослободат дел од окупираната територија од руските сили.

Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во замена, откако...

САД и НАТО не им забрануваат на нашите медиуми да коментираат за руските воени успеси

Објава на Фејсбук неосновано тврди дека медиумите кај нас не смеат да ги коментираат руските воени успеси во Донбас за да не го налутат „Калето“ (амбасадата на САД) и „Рада“ (Радмила Шекеринска,...

Грчката веб-страница на ИКЕА недостапна надвор од Грција „од безбедносни причини”

Веб-страницата IKEA.gr повеќе не е достапна за македонските граѓани, ниту пак за кој било друг надвор од Грција. Како што велат за Мета од компанијата, тоа е од безбедносни причини. „Би сакале...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во...