fbpx

Нови ракетирања на руските сили во регионите Донецк и Днипропетровск, загинаа шест цивили

-

Најмалку шест цивили загинаа, а десетици се повредени во најновите ракетирања на руските сили на населени места во регионите Донецк и Днипропетровск, јавува Укринформ. Во изминатово деноноќие пет лица загинаа во гранатирањето на градовите Сиверск, Павливка и Маринка, а најмалку 10 лица биле повредени во Донецкиот регион.

Руските сили извршија и масивен ракетен напад на градовите Никопол, Криви Рих и Синелников, при што најмалку едно лице го загуби животот, а девет лица се повредени, пишува Укринформ. Над 100 гранати се истрелани кон Никопол, град кој е под украинска контрола и се наоѓа на брегот на реката Дњепар спроти нуклеарната централа во Енергодар, која е под руска окупација.

Генералштабот на украинската армија информира дека Русија концентрира нови резервни единици на југот на Украина за да го спречи напредувањето на украинските сили во ослободување на нови територии, јавува Укринформ.

Британското Министерство за одбрана предупредува дека Русија има критичен недостиг на ракети за копнени напади на линиите на фронтот, пренесува Гардијан. Поради ова, руската страна има распоредено стратешки системи за противвоздушна одбрана С-300 и С-400, кои се дизајнирани да соборуваат авиони и проектили во воздух. Русија со вакви системи гаѓа копнени цели во Украина, при што постои голема шанса овие ракети да ги промашат целите и да предизвикаат цивилни жртви, бидејќи не се користат за оваа намена.

Гардијан пренесува и дека руските сили продолжуваат со обидите да ја заземат термоелектраната Вулехирск, која е втора по големина во Украина, додека руската артилерија е насочена кон гранатирање на околината на градовите Сиверск и Краматорск во Донецкиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...