fbpx

По завземањето на Лисичанск, руските сили продолжуваат со напади за нов продор во Украина

-

Откако руските сили вчера го освоија градот Лисичанск и навлегоа во него, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека украинските вооружени сили ќе се вратат во градот благодарение на нивната тактика „и зголемувањето на дотурот на модерно оружје“, ситуацијата во Украина утрово е мачно вообичаена.

Руските сили преземаат низа напади на повеќе места, а во борбените дејствија во изминатите 24 часа во регионот Харкив се убиени тројца цивили а шестмина се повредени. Руски ракети утрово пак го погодиле Регионалниот центар во Харкив а разурнато е и едно средно училиште во градот, известува украинската новинска агенција ukrinform.net.

Во моментот кога била ракетирана, околу 4 часот утрово, во гимназијата немало никој, а објектот е разрушен.

Инаку, руските агресорски сили вообичаено секое утро вршат воздушни напади на Харкив и гаѓаат фирми, образовни институции и станбени згради, пишува ukrinform.net.

По освојувањето на Лисичанск, руските сили се обидуваат да ја утврдат територијата околу градот. Се вршат артилериски и хеликоптерски напади од руска територија на цивилни цели во регионот Суми.

Кај Словјанск, Русите се во офанзивни акции за освојување на неколку села

Кај градот Донецк, нивните напори се насочени кон истуркување на украинските сили од фронтовските позиции.

Ситуацијата е слична и на голем дел од источната половина на Украина, каде во моментов се водат борби.

Во регионот Миколаив, на југот на Украина, до утрово руските сили уништиле повеќе од 6.600 цивилни објекти. Од нив, 269 образовни институции, 41 здравствен објект и 108 културни објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...