Пендаровски: Ако од бугарска страна пак се спори идентитетот, да се повлечеме од преговорите

-

По денешната средба со членовите од Советот за безбедност, кажав дека откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам во заклучоците на Влада, да стои дека од денот кога ќе ги зaпочнеме и завршиме преговорите, ако има дополнителни обиди од бугарските власти повторно да споменуваат прашања за македонската историја и идентитет, да не чекаме друг да не блокира, туку сами да се повлечеме од тие преговори. Ова во изјава за медиумите пред малку го истакна претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот за безбедност.

„Имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл. За мене тој е прифатлив. Станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите. Баш со ништо францускиот предлог не го поткопува македонскиот идентитет, во предлогот има чиста формулација на македонскиот јазик без фуснота“, рече претседателот.

Тој кажа дека парадокс е дека во земјава никој нема против влезот на Бугарите во Уставот, но внатрешната поларизација го оневозможува консензусот.

„Имаше теза дека историјат е услов за понатамошен прогрес во преговорите. Тоа не е точно. Историјата воошто не е услов, има само една реченица и во прегледот и во протоколите. Се препорачува историската комисија да ја динамизира својата работа без да се сигерира од политичките фактори во која насока сето тоа да се движи“, дoдаде Пендаровски.

Постои страв кај значаен дел од Македонците, рече претседателот, дека во ЕУ може да влеземе само како Бугари и на ниеден друг начин.

„Драги пријатели мислам дека сите сме свесни како воопшто еден Македонец може да стане Бугарин? Тоа многумина наши граѓани го прават со земање бугарски пасоши. Барам уште денес или утре да има уште еден пасус плус, согласно кој, ако сега се согласуваме, до крајот ќе одбиеме било какви разговори ако има инсинуации за идентитетот, било од кого и да дојдат. Никој нема намера да прави задкулисни игри. Сите овие години, го одбранивме идентитетот од сите неетнички маркери. НеОва што јас го барам е еден вид на анекс на резолуцијата која лани ја усвоивме во парламентот“, рече Пендаровски.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...