понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: став | 25 резултати

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

септември 25, 2018

Премиерот Зоран Заев рече дека на референдумот за името на 30 септември одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат и дека огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците. -Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, […]

СДСМ: Иванов останува сам, заробен во сопствената идеја за изолација

септември 24, 2018

Во клучната недела за иднината на државата и нејзините граѓани, Ѓорге Иванов одлучи да не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов. Во неа се додава дека „очигледно е дека Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и […]

Мицкоски: На 30 септември ќе го видите мојот став за референдумот

септември 13, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Телевизија 24“ одби да одговори дали ќе излезе да гласа на референдумот за Договорот со Грција. – Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не […]

Мицкоски: Секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување

септември 12, 2018

По одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска, по завршувањето […]

Мицкоски: Партијата привршува со консултациите за референдумот

септември 6, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарале за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум, информираат од партијата. Од таму велат дека „Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се […]

Мицкоски: Поддржувачите на референдумот се во рамки на статистичка грешка

август 23, 2018

Луѓето кои ќе го поддржат референдумот се во рамки на статистичка грешка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата „Сител“. Тој вели дека процесот на консултации за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот уште трае. – Несериозно би било доколку би се затвориле во една канцеларија и би договориле од прилика како би […]

Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

август 23, 2018

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Известувањето е упатено до […]

Активистите не го даваат Водно, иако МЕР понуди нова траса на гасоводот

јули 16, 2018

Граѓанските иницијативи и здруженија во Владата ќе го пренесат својот непроменлив став против уништувањето на Водно. Средбата во Владата на која ќе присуствува вицепремиерот Кочо Анѓушев е закажана за денеска во 17 часот. Тие велат дека се задоволни што заеднички го увериле и убедиле Анѓушев за штетата што овој дел од гасоводот ќе ја предизвика […]

Иванов: Го повикувам Заев веднаш да покрене импичмент, останувам на ставот за договорoт

јуни 20, 2018

Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов на како што велат „сите изнесени невистини и закани од страна на премиерот, Зоран […]

Владата за спорот со името ќе гради став со „сите релевантни политички фактори“

јануари 22, 2018

Владата на Република Македонија работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за името, потврдија од Владата за државната новинска агенција МИА. „Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за […]

Владата останува на својот став и нема да расправа за случајот со Србија на седница

август 22, 2017

Владата на денешната седница нема да расправа за дипломатскиот инцидент со Србија, која пред два дена го повлече целокупниот персонал од својата амбасада во Скопје, на консултации во Белград, поради, како што изјавија од српското раковдство „офанзивните разузнавачки активности во Македонија против Србија“. Од Владата за „Мета“ велат дека случувањата со Србија не се на […]

ВМРО-ДПМНЕ бара од МАНУ да се изјасни за договорот со Бугарија

јули 5, 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение ја повика Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да се изјасни за договорот за добрососедство што, како што велат, премиерот Зоран Заев има намера да го потпише со Бугарија. „МАНУ мора да излезе со став околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ […]

МНР побара став од Стејт департментот за изјавата на конгресменот Рорабакер

февруари 7, 2017

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската амбасада во Вашингтон, по дипломатски пат побарало став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рорабакер, изнесени во интервју за „Визион плус“ од Тирана. „Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема […]

Петковски: ВМРО-ДПМНЕ не смее да биде во новата влада, местото на Груевски е во суд

јануари 27, 2017

„Македонија треба час поскоро да направи влада без ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, а нив да ги испрати на вистинското место, по судовите и на буништето на историјата“, е ставот на лидерот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Тито Петковски. Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, […]

Ангела Меркел ќe се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година

ноември 20, 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврти мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија. Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи […]

Ештон: Ставот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува непроменет и по Брексит

октомври 27, 2016

Пристапот и ставот на Европската Унија околу интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата и понатаму е непроменет, изјавила поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, за време на нејзината посета на САД, пренесува „Гласот на Америка“. Ештон рекла дека земјите од Балканот имаат причина да бидат преокупирани со нивните аспирации […]

Од „Студентски пленум“ бараат став од ректорот на УКИМ за изградба на факултетите

декември 13, 2015

Студентите од „Студентски пленум“ побараа став од ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за изградбата на двата нови факултети во кампусот на УКИМ, за кои е предвидено да бидат во барокен стил. Тие објавија фотографија на нивниот фејсбук-профил, со која го повикуваат ректорот да каже свој став по ова прашање. Студентите вчера одржаа […]

Либералите за договорот: Рано е да се слави

јули 15, 2015

„Либералната партија на Македонија смета дека е рано да се слави и повикува на внимателност во опозициската јавност“, се вели во дел од соопштението на ЛПМ, во кое е сумиран ставот на партијата во врска со договорот за решавање на политичката криза што вчера го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии, со посредство на Европската […]

Обама: Ниеден акт на изразување не оправдува насилство

мај 4, 2015

Ставот на американскиот претседател Барак Обама по повод пукањето во Далас во неделата навечер е дека ниту еден акт на изразување не оправдува насилство, соопшти портпаролот на Белата куќа. Наведувајќи дека екстремистите се обидуваат да го искористат изразувањето кое го сметаат за навредливо како нешто што го оправдува насилството во светот, портпаролот Џош Ернест истакна дека „ниеден […]

Политичка и судска разврска за „бомбите“ бара Европската комисија

април 21, 2015

Еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, по средбата на министрите на ЕУ, го искажа својот став за политичката криза што ја тресе Македонија. Според него, решението мора да биде двојно: правно и политичко, а опозицијата треба да се врати во Собранието, каде би отворила истражна комисија за случувањата. Но, правна разврска, смета тој, мора да има, […]

Страна 1 од 2