Украина им нареди на војниците да се повлечат од Северодонецк, Русите влегоа во предградијата на Лисичанск

-

Гувернерот на Луганската област, Серхи Хајдај објави дека украинските војници ќе мора да се повлечат од градот Северодонецк за да заземат нови, утврдени позиции во натамошните борби, јавува Укринформ. Тој воедно напиша дека во предградијата на соседниот град Лисичанск веќе влегле руските сили, но засега се сопрени да напредуваат подлабоко во градот.

„Русите речиси целосно го уништија Северодонецк, целата клучна инфраструктура е збришана, 90 отсто од градот е оштетен, а 80 отсто од домовите ќе мора да бидат уништени бидејќи нема да може да се обноват“, изјави тој.

Инаку, Лисичанск е последниот поголем град во Луганската област кој е под контрола на украинските сили. Гардијан пишува дека обидот за освојување на градот од руските сили изминатово деноноќие бил одбиен, при што загинале двајца цивили. Сепак, украинските власти тврдат дека со приближувањето на руските сили сега целиот град ќе може да биде под артилериски напад.

Гардијан ги пренесува информациите на украинските власти дека руската војска се обидува да го опколи Лисичанск, но и тврдењата на руската страна дека веќе успеале да ги пресечат врските за снабдување на украинските безбедносни сили за овој град.

Покрај интензивните борби во Донбас, Укринформ ги пренесува информациите на украинските власти дека руските сили во изминатово деноноќие извршиле артилериски напади врз населени места во регионите Суми, Запорожје и Харкив на североистокот и истокот на Украина.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...