Почна борбата за Лисичанск, Зеленски обвинува дека Русија сака целиот Донбас да го претвори во Мариупол

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето најново обраќање до нацијата изјави дека руските сили се обидуваат да ги уништат градовите во Донбас на истиот начин како што тоа го направија со пристанишниот град Мариупол, пренесува Гардијан.

„Лисичанск, Словјанск, Краматорск – тие целат било кој град да го претворат во Мариупол. Целосно уништен“, рече Зеленски.

Гардијан го пренесува и најновиот извештај на британското Министерство за одбрана, во кој се наведува дека руските сили напреднале повеќе од пет километри во правец кон Лисичанск, последниот поголем град под украинска контрола во Луганската област. Руските сили пристигнале кон јужните делови на Лисичанск, а украинските власти денеска потврдија дека уште две населени места во Луганската област потпаднале под руска окупација – Лоскутивка и Раи-Олександривка.

Сепак, украинските власти потврдуваат дека нивните војници продолжуваат да се борат против руските сили во Северодонецк, Суротуне и Золоте, јавува Укринформ.

Гувернерот на областа Днипропетровск, Валентин Резниченко ја обвини Русија дека ги користела забранетите касетни бомби при бомбардирањето на оваа област, пренесува Гардијан.

Тој обвини дека регионот Криви Рих бил бомбардиран шест пати изминатава ноќ, при што се уништени станови, а овој град од централниот дел на Украина е оставен делумно без струја и вода. Касетни бомби се расфрлани по улиците и дворовите, при што гувернерот Резниченко упати апел за огромно внимание од граѓаните.

Укринформ пак информира дека украинските безбедносни сили успеале да уништат две ракети истрелани од руската војска кон областа Одеса. Во изминатово деноноќие убиле најмалку 20 руски војници и уништиле воена опрема. Украина се обидува го поврати под своја контрола Змискиот остров во Црното море.

Во меѓувреме, руските сили повторно го гранатирале пристанишниот град Миколаив, кој се наоѓа во близина на окупираниот Херсон. Најмалку три напади врз овој регион биле извршени во изминатово деноноќие, при што еден цивил загинал, а тројца биле повредени.

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици...