fbpx
Таг: воена агресија

таг: воена агресија

Украинците во земјава на протест, потсетија на злосторствата извршени врз нивната татковина

Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска организираше мирен протест во Скопје против руската воена агресија врз Украина. Протестот започна во 12 часот на детското игралиште зад Универзална сала, а заврши пред амбасадата на Руската федерација во Скопје. Преку транспаренти и илустрации, присутните ја искажаа загриженоста за случувањата во нивната татковина и побараа Русија да престане со агресијата и...

Во борбите во Украина загина уште еден руски генерал, битката за Северодонецк продолжува

Војната во Украина продолжува со несмалени борби на истокот и југот од земјата, при што руските медиуми потврдија дека уште еден руски генерал, 12-ти по ред од почетокот на воената агресија на Русија, загинал во битка, јавува Би-би-си. Рускиот генерал Роман Кутузов загинал при обидот за заземање на украинско село, а Би-би-си пишува дека бројката на убиени руски генерали...

Жестоки борби во Северодоњецк, градот оставен без вода, струја и гас

Во Северодоњецк, град со околу 100.000 жители пред војната, лоциран во Луганската област, се водат жестоки борби за неговата контрола, јавува Би-би-си. Состојбата на терен е многу сериозна, а руските сили се приближуваат од предградијата кон центарот на градот. Во градот е прекинато снабдувањето со вода, струја и гас, а дури 90 отсто од објектите се оштетени или уништени. „Тие...

Украина започна контраофанзива во Херсонскиот регион, Русија води борби за Северодоњецк во Донбас

Украинската војска започна офанзива во Херсонскиот регион на југот на земјата, која им нанела загуби на руската војска во близина на населените места Андривка, Лозове и Билохирка. Руските сили одговориле со гранатирање на неколку населени места кои се под контрола на украинските власти, јавува Укринформ. Украина тврди дека од почетокот на руската агресија над нејзината територија на 24 февруари животот...

Руските сили нападнале 40 градови во Донбас, гранатирани населени места во повеќе региони

Украинските власти тврдат дека руските сили нападнале повеќе од 40 градови во Донецкиот и Луганскиот регион во најжестоката офанзива од почетокот на руската агресија врз Украина. Укринформ јавува за уништени станбени згради, куќи, центри за култура и административни згради во Северодоњецк, Лисичанск, Прувилија, Новодружеск, Хирске и Маринка. Најмалку три цивили го загубиле животот во Лисичанск. Најтешка е состојбата во Северодоњецк...

Русија планира од градот Северодонецк да направи нов Мариупол, опасност од нови крвопролевања

Опасната тактика од пристанишниот град Мариупол Русија сака да ја примени и во нападите на другите градови од Донбас, обвинуваат украинските власти. Гувернерот на Луганската област, Сергеј Хаидаи изјави дека руските сили во секое село или град ја применуваат истата тактика - бомбардирање, опколување и напади од сите страни, пренесува Би-би-си. „Руската армија одлучи целосно да го уништи Северодонецк“, изјави...

Украински борци се предаваат во Мариупол, Зеленски обвини дека Русија користи забрането оружје

Официјална Москва соопшти дека уште речиси 700 украински борци се предале во окупираниот град Мариупол, пренесе Ројтерс. Истовремено, САД се последната земја која што повторно ја отвори својата амбасада во Кијив. Украина издаде наредба на својот гарнизон во Мариупол да се повлече, но крајниот исход од битката за пристанишниот град на Азовското море останува нерешен. Според водачот на проруските сепаратисти кои...

Војниците од Азовстал се евакуираат на руска територија, Украина бара да бидат ослободени

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар изјави дека судбината на војниците бранители на Мариупол ќе биде завршена во моментот кога тие ќе бидат предадени на украинските власти, пренесува Би-би-си. Владее несигурност што ќе се случува со војниците што беа заробени во челичарницата Азовстал, поаѓајќи од фактот дека сите завршија на места окупирани од руските сили. Ројтерс јави дека вчера...

Евакуирани 264 украински војници од Азовстал, во челичарницата чекаат преостанатите

Украинските власти потврдија дека започнала евакуацијата на опколените украински војници во челичарницата Азовстал во Мариупол, јавува Би-би-си. 53 тешко повредени војници биле одведени во Новоазовск, град под контрола на руските сили, додека дополнителни 211 војници биле евакуирани во Оленивка - град под контрола на руските сили. Русија претходно соопшти дека бил постигнат договор со Украина за евакуација на повредените војници...

Украинците ги потиснаа руските сили од Харкив до самата гранична линија

Украинската војска успеа да ги потисне руските сили до самата руско-украинска граница. Контраофанзивата од Харкив доведе до повлекување на руската војска кон север, а дел од територијалната одбрана на Украина успеала да ја поврати територијата до самата граница, јавува Би-би-си. Како резултат на ваквиот успех северно од вториот по големина град во Украина, на Русија ѝ е оневозможено со...

УКРИНФОРМ: Украина потопи уште еден руски воен брод, досега уништени 38.000 објекти во земјата

Во напад на украинската морнарица кај Змискиот остров, погоден е рускиот воен брод Всеволод Бобров, при што тој бил оштетен и бил испратен назад кон пристаништето во Севастопол, јавува Укринформ. Во одделен извештај, Би-би-си ги пренесува сателитските снимки од потопен друг руски воен брод кај Змискиот остров, како резултат на нападот на украинските сили на островот кој беше окупиран...

Зеленски: Членството на Украина во НАТО ќе ја спречеше војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред студенти на Институтот за политички студии во Париз изјави дека војната со Русија ќе можеше да биде спречена доколку Украина претходно беше примена како земја-членка на НАТО, пренесува Ројтерс. „Да беше Украина дел од НАТО пред војната, немаше да има војна“, изјави Зеленски преку видеолинк. Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати повтори дека...

Борбите продолжуваат, Украина го запре транзитот на руски гас преку Луганск

Украинските власти за првпат од почетокот на руската агресија се одлучија да го сопрат транзитот на руски гас преку станицата „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ во Луганскиот регион, објавува Би-би-си. Операторот на украинската гасоводна мрежа ГТСОУ објави дека поради околности од „виша сила“ е прекинат транспортот на руски гас. Двете инфраструктурни точки во Луганската област сега се под контрола...

Одеса жестоко бомбардирана од Русија, во челичарницата Азовстал во Мариупол има уште заробени цивили

Најмалку едно лице загина и петмина се повредени во синоќешниот воздушен напад на приморскиот град Одеса, јавува Укринформ. Руските авиони погодиле и цивилни објекти во градот, каде што воопшто немало воена инфраструктура. Во селото Фонтанка во близина на Одеса е погоден трговски центар и се повредени три лица. Пожарникарите со часови се бореле за гаснење на пожарите предизвикани од...

Жестоки борби се водат во фабриката Азовстал во Мариупол

Руските сили влегоа во фабриката Азовстал во Мариупол и водат жестоки битки за заземање на најголемата челичарница во Европа, јавува Би-би-си. Ваквиот потег доаѓа во момент кога украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Обединетите нации да асистираат во спасување на повредените лица кои се наоѓаат внатре. Укринформ ги пренесува информациите на украинските војници кои ја бранат Азовстал, потенцирајќи дека во...

Русија бомбардираше цели во осум региони, делови од Лвив оставени без струја и вода

Руските сили вчера бомбардираа цели во осум украински региони за да ја уништат транспортната инфраструктура на Украина, јавува Укринформ. Нападите имаат за цел да ја намалат можноста за доставување каква било помош од западните и централните региони на првите борбени линии на истокот од Украина. Погодени се цели во регионите Лвив, Днипропетровск, Кировохрад, Виница, Кијив, Закарпатје, Одеса и Донецк. Делови...

Новинарката Вера Гирич на Радио Слободна Европа загина во руски воздушен напад на Кијив

Вчерашниот руски воздушен напад на Кијив беше кобен за новинарката на Радио Слободна Европа (РСЕ), Вера Гирич. Една од ракетите погодила станбена зграда во украинскиот главен град, при што загинала новинарката на сервисот на украински јазик на РСЕ. Страшната вест денеска ја потврди и главната и одговорна уредничка на украинскиот сервис на РСЕ, Ина Кузнецова, јавува Укринформ. Гирич работела во кијивското...

Украина тврди дека Русија доведува нови воени сили на фронтот, загинати цивили во неколку региони

Генералштабот на украинската армија информираше дека Русија довела 500 нови единици воена опрема на фронтот во близина на градот Изиум во Харкивската област и дополнителни падобрански трупи за да ги засили офанзивните дејствија во правец кон Донецката област, јавува Укринформ. Главниот напор за пробив на руските воени сили во Украина во моментов е сконцентриран на овој дел. Во меѓувреме, руските...

Русија планира референдум во окупираниот Херсон, Молдавија стравува од конфликт на нејзина територија

Руските окупаторски сили во Херсон денеска ги растераа демонстрантите кои одржаа мирен протест против одржувањето на т.н. референдум, со којшто би се формирала нова самопрогласена „Народна република Херсон“, јавува Укринформ. Руските сили привеле дел од демонстрантите, а медиумските извештаи јавуваат и за повредени цивили на протестот. Комесарот за човекови права во украинскиот парламент, Људмила Денисова изјави дека намерата на руските...

Русија продолжува со агресијата во Украина, за Лавров трета светска војна е „реална опасност“

Руските сили продолжуваат со воената агресија на територијата на Украина. Три напади врз јужниот град Запорожје се регистрирани утрово, а претходно украинските власти соопштија дека Русија довела многубројна опрема и војници на првите борбени линии за да изврши напад на последниот поголем град на југот на Украина кој е под контрола на украинските власти, јавува Укринформ. Продолжуваат борбите во Луганската,...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...