fbpx
Таг: воена агресија

таг: воена агресија

Блинкен и Остин го посетија Кијив, Русија гаѓа железнички станици и термоелектрани

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин вчера ја реализираа посетата на Кијив, без претходно истата да ја потврди Белата куќа, пишува Би-би-си. Официјален Вашингтон не сакаше да го потврди патувањето сè додека двајцата американски функционери не се вратија безбедно во соседна Полска. Блинкен и Остин се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски што беше и...

Путин нареди блокада на фабриката Азовстал во Мариупол, Украина тврди дека Русија не може да ја заземе

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им нареди на нејзините сили да ги запрат нападите на челичарницата Азовстал во Мариупол, но и да го блокираат влезот и излезот во овој огромен индустриски комплекс. Ваквиот потег следи откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу призна дека борбите за Мариупол продолжуваат околу оваа фабрика, во која има илјадници украински борци, пренесува Гардијан. По...

И покрај почетокот на офанзивата во Донбас, Русија засега не може да постигне големи пробиви

Офанзивата на руските сили во источна Украина веќе е започната, но засега тие не успеваат да обезбедат големи пробиви на територијата на Донбас кој е под контрола на украинските власти, го пренесува Би-би-си извештајот на Институтот за проучување на војната. Американскиот тинк-тенк додава дека официјална Москва засега ги ставила под своја контрола помалите градови на фронтот, Рубежње и Попасна. Покрај...

Русија интензивно напаѓа на истокот од Украина

Русија ја употреби сета расположлива воена моќ врз украинските градови и внесе нови војници во својата агресорска офанзива во обид да ја подели Украина на два дела. Воените дејствија се со цел преземање целосна контрола на источниот индустриски регион Донбас, познат по рудниците за јаглен и фабриките, известува новинската агенција Асошиејтед Прес. Оружените удари се случуваат долж фронтот во форма...

Украина ја обвини Русија дека започнала воена офанзива во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Русија ја започнала воената офанзива во Донбас, која има за цел окупација на Донецкиот и Луганскиот регион, јавува Би-би-си. Руските сили продолжуваат да довлекуваат оружје и воена опрема во Украина од централните и источните региони на Русија. Украинскиот Генералштаб јавува за засилени гранатирања на цивилна и индустриска инфраструктура во Донбас, а паралелно на...

Над 4,7 милиони бегалци избегаа од војната, Русија го блокира извозот на житарки од Украина

Податоците на УНХЦР од 14 април говорат дека од војната од Украина во странство досега избегале 4.736.471 граѓани од оваа земја, пренесува Укринформ. Бројот на лица кои бегаат под налетот на руската инвазија е зголемен за 80.000 бегалци за само еден ден. Околу 90 отсто од бегалците во странство се жени и деца, а најголем дел од нив се...

Рускиот воен брод „Москва“ тешко оштетен, Украина тврди го погодила со ракета

Најважниот брод на руската црноморска флота, ракетниот крстосувач „Москва“ е тешко оштетен од експлозија. Украинската војска тврди дека бродот е погоден од нивна страна со ракета „Нептун“, што предизвикало сериозни оштетувања, јавува Укринформ. Руското Министерство за одбрана потврди дека бродот е оштетен, но вели дека „експлодирала муниција по претходно избиен пожар“. Екипажот на бродот е евакуиран, а рускиот извор...

Бајден го обвини Путин за геноцид во Украина, Русија трупа дополнителни сили за напад на истокот

Американскиот претседател Џо Бајден за прв пат изјави дека диктаторот Владимир Путин врши геноцид во Украина. Зборувајќи на настан во сојузната држава Ајова, Бајден пред присутните граѓани рече: „вашиот семеен буџет, вашата способност да го наполните резервоарот - ништо од тоа не треба да зависи од тоа дали диктаторот ќе објави војна и ќе изврши геноцид“, пренесува Би-би-си. Откако подоцна...

Украина обвинува за хемиски напад во Мариупол, меѓународната заедница ќе ги испита наводите

Украинските воени сили денеска обвинија дека Русија извршила хемиски напад во Мариупол со неидентификувана отровна состојка, јавува Укринформ. Тие ја пренесуваат изјавата на основачот на баталјонот Азов, Андриј Билетски дека синоќа било употребено хемиско оружје од руските сили, кои се обидуваат целосно да го заземат приморскиот град од украинските сили. Билетски тврди дека нападот бил од помал размер, но дека...

Украина стравува од руски провокации во Молдавија, бројот на загинати цивили се искачи на 1.793

Руските вооружени сили може да се обидат да направат провокации од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија и за тоа да ја обвинат Украина, предупредија денеска од украинскиот генералштаб, пренесува Би-би-си. Приднестровје е самопрогласена пара-држава која се отцепи од Молдавија и во која се стационирани руски војници изминативе три децении, а којашто се наоѓа долж границата со Украина и е...

Бројот на загинати на железничката во Краматорск се искачи на 52, Русија се спрема за напад на Харков

Над 52 загинати и 109 повредени лица е билансот од вчерашното гранатирање на железничката станица во Краматорск, јавува Укринформ. Тие ги пренесуваат информациите од Пентагон дека со руски проектил „Точка-У“ е погодена станицата, на која се наоѓале огромен број на граѓани кои чекале евакуација од овој град лоциран во Донбас. Американските извори тврдат дека Краматорск ќе биде една од главните...

Сараево одбележа 30 години од почетокот на опсадата во која животот го загубија 11.541 лице [галерија]

Босанскиот главен град вчера одбележа 30 години од најмрачниот момент во својата историја - почетокот на српската опсада на Сараево на 5 април 1992 година. Опколувањето на градот и постојаното гранатирање од страна на српските сили траеше 1.425 дена до 29 февруари 1996 година, а во текот на опсадата животот го загубија 11.541 жител на Сараево. Дојче Веле ги пренесува...

НАТО предупредува дека руските сили не се повлекуваат од Украина, туку се регрупираат

НАТО побара од Данска да испрати баталјон од 800 војници во Летонија за да го зајакне источното крило на воената алијанса, соопшти во четвртокот данското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс. Данскиот премиер Мете Фредериксен оваа недела рече дека Данска е подготвена да испрати баталјон во балтичките земји на барање на НАТО, иако за такво барање сè уште ќе биде потребно...

Украина скептична за руската „добра волја“ да ги намали нападите на Кијив и Чернихив

Иако Русија вчера увери дека „драстично ќе ги намали“ воените операции во две клучни области на Украина, „за да ја зголеми меѓусебната доверба“ во мировните преговори, изгледа дека во Украина има значителен скептицизам кон тоа, јавува Би-Би-Си. Одлуката да се намали обемот на операциите околу главниот град Кијив и северниот град Чернихив е првиот знак за суштински напредок, но сепак...

Украина успева да поврати територии источно од Киев, нова евакуација на жители од Мариупол

Украинските сили успеале да повратат градови и одбранбени позиции на 35 километри источно од Киев, коишто претходно беа окупирани од руската војска. Ова се најновите информации на британското разузнавање, за кои денеска информира весникот Гардијан. Податоците говорат дека украинските сили се обидуваат со офанзива да ја примораат руската војска да се врати назад на нејзините позиции северозападно од Киев кон...

По возови и железнички станици, украинските бегалци во очај бараат безбедност во земјите од Средна Европа

Преморени, очајни, дел во плач, а дел збунети. Ова е генералната слика за украинските бегалци коишто изминативе недели ги преплавија земјите од Средна Европа. Откако Русија ја започна воената агресија врз Украина, над 3,5 милиони лица се одлучија да ги напуштат своите домови и да заминат во странство. Со гранатирањата, Русија уште во првите денови од инвазијата го затвори авиосообраќајот,...

Украина ги обвинува Русија и Белорусија за трупање нови сили долж нејзината граница

Украинските власти денеска ги обвинија Русија и Белорусија дека доведуваат дополнителни воени сили и опрема на Крим и на белоруско-украинската граница, пренесува Укринформ. „Целта е да се обидат да се подготват за да извршат офанзива за опколување на Киев“, изјавија од украинското Министерство за одбрана. Во однос на Русија, Украина обвинува дека нејзината војска доведува дополнителни војници и војска на Крим...

Еден месец руска агресија: Над 10 милиони раселени, илјадници загинати лица и милијарди долари штета

На 24 февруари, Русија изврши воена инвазија врз Украина и со тоа ја започна војната што претставува најголем предизвик по мирот и безбедноста на Европа по Втората светска војна. Еден месец подоцна, руската агресија доведе до 10 милиони раселени лица од Украина, илјадници загинати војници и цивили, како и неколку милијарди долари штета врз Украина, предизвикана од руските воени...

Судбината на Мариупол му се заканува и на опколениот Чернихив, во Ирпин употребена фосфорна муниција

Покрај битката за Мариупол, слична катастрофална судбина му се заканува и на градот Чернихив на северот на земјата, којшто е опколен од руските сили. Весникот „Гардијан“ јавува дека околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку дена се оставени без струја, а локалните власти предупредуваат дека ги трошат и последните резерви на вода за пиење. Весникот јавува дека од...

Од почетокот на војната, во земјава влегле 1.924 Украинци, но не како бегалци

Од почетокот на војната во Украина до денеска во земјава вкупно влегле 1.924 украински државјани, додека на излез од нашата земја во овој период се регистрирани 1.365 граѓани на Украина, информираше владиниот портпарол Душко Арсовски, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи. На денешната владина прес-конференција Арсовски посочи дека во земјава нема лица кои побарале статус на бегалец...

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...