fbpx

Украина започна контраофанзива во Херсонскиот регион, Русија води борби за Северодоњецк во Донбас

-

Украинската војска започна офанзива во Херсонскиот регион на југот на земјата, која им нанела загуби на руската војска во близина на населените места Андривка, Лозове и Билохирка. Руските сили одговориле со гранатирање на неколку населени места кои се под контрола на украинските власти, јавува Укринформ.

Украина тврди дека од почетокот на руската агресија над нејзината територија на 24 февруари животот го загубиле околу 30.150 руски војници, додека биле уништени 1.338 руски тенкови и 3.270 воени борбени возила, пренесува Укринформ. Ваквите бројки не можат да бидат во целост проверени од независни извори.

Додека Украина се обидува да поврати дел од својата територија во Херсонскиот регион, Русија ја продолжува офанзивата во Донбас. Улични борби се водат во градот Северодоњецк, при што украинските сили тврдат дека го држат под контрола поголемиот дел од градот. Руската војска го има заземено хотелот Мир, но обидите за целосно заземање на градот не се успешни, јавува Франс 24.

Украинските власти соопштија дека во изминативе 24 часа биле одбиени седум напади на руските сили во Донецкиот и Луганскиот регион, при што биле уништени еден тенк и шест воени камиони.

Покрај борбите на фронтот, руските сили од територијата на Русија и со воени авиони го гранатирале регионот Суми на североистокот на Украина, јавува Укринформ. Украинските власти соопштија дека останува опасноста од ракетни и воздушни напади од територијата на Белорусија на украинската инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...