fbpx

Косовски новинари одржаа состанок со претставници на ЗНМ, беа и во посета на Фондацијата Метаморфозис

-

Претставници на Здружението на новинари на Косово (АГК) и новинари од неколку косовски медиуми во петокот (27 мај) одржаа состанок со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и остварија посета на Фондацијата Метаморфозис.

Како што информираат од ЗНМ, на работниот состанок се разговарало за состојбата на новинарите и медиумите во двете земји.

Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ пред дваесетина колешки и колеги од разни медиуми од Косово ги претставил тековните проекти и залагања на ЗНМ во насока на подобрување на солидарноста на фелата, но и за заштита на правата на новинарите во Македонија кога тие се под закана.

Џемаил Реџа, претседател на одборот на Здружението на новинари на Косово, говорел за состојбата со правата на новинарите, но и предизвиците кои ги имаат медиумите во нивниот локален контекст. Тој истакнал дека ваквите колаборативни посети во соседните земји и размена на искуства и знаења позитивно влијаат на комуникацијата и идната соработка помеѓу новинарите во целиот регион.

На оваа работна средба било разговарано за можноста да се организираат слични студиски посети на новинарите во земјите од Западен Балкан на теми кои ќе бидат од интерес на новинарите, но посебно во насока на заедничко унапредување на професионалните стандарди и споделување на информации за успешни примери од работата на новинарите и медиумите.

Претставници на Здружението на новинари на Косово (АГК) и новинарите од неколку косовски медиуми беа и во посета на Фондацијата Метаморфозис. Тие остварија средба со менаџментот на Фондацијата и со дел од уредничкиот кадар на Вистиномер, Порталб и Мета, при што се разменија искуства на неколку важни прашања.

На средбата се разговараше за состојбата со медиумите во двете земји, се разменија искуства во однос на новинарскoто работење, а посебен интерес колегите и колешките од Косово покажаа за функционирањето на Вистиномер.мк во делот на проверката на фактите и борбата со дезинформациите во земјава.

Инаку, посетата на колегите од Косово е дел од активностите на Здружението на новинари на Косово, во соработка со Академијата за информативен интегритет на новинарите и предвидува посета на група на млади новинари на неколку медиумски организации, но и медиуми во Скопје.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
free online course
download lava firmware
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download