fbpx

Русија продолжува со агресијата во Украина, за Лавров трета светска војна е „реална опасност“

-

Руските сили продолжуваат со воената агресија на територијата на Украина. Три напади врз јужниот град Запорожје се регистрирани утрово, а претходно украинските власти соопштија дека Русија довела многубројна опрема и војници на првите борбени линии за да изврши напад на последниот поголем град на југот на Украина кој е под контрола на украинските власти, јавува Укринформ.

Продолжуваат борбите во Луганската, Харковската и Донецката област на истокот од Украина. Руската војска се обидува да напредува кон градот Заводи. Борби се водат во околината на градот Рубижње, а украинските сили се борат да го задржат под своја контрола градот Попасна. Украинската војска успеала да ослободи пет села во Херсонската област и да ја принуди руската војска да се повлече до Чорнобаивка, јавува Укринформ.

Гардијан објави дека се уништени два радио предаватела во пара-државата Транснистрија во Молдавија. Експлозиите се случиле во близина на селото Мајак, а предавателите служеле за емитување на радио програма на руски јазик, се пренесува соопштението на тамошните власти отцепени од Молдавија. Украинските власти подолго време предупредуваат дека Транснистрија би можела да биде следната точка од каде би се развила нова борбена офанзива врз Украина, земајќи ја предвид нејзината близина до Одеса.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди од „реална опасност“ од трета светска војна и го обвини НАТО дека води т.н. заменска војна против Русија. Лавров смета дека испораките на оружје на НАТО во Украина се оправдани цели за напад, изјави тој во интервју за руската телевизија, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба му одговори на Лавров, велејќи дека Русија ги троши последните надежи да го исплаши светот поради поддршката за Украина.

„Поради ова е говорот за “реална” опасност од трета светска војна. Ова единствено значи дека Москва го чувствува поразот во Украина“, напиша на Твитер Кулеба и порача дека светот мора да ја удвои поддршката за Украина во име на заштита на европската и светска безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...