fbpx

Украина тврди дека Русија доведува нови воени сили на фронтот, загинати цивили во неколку региони

-

Генералштабот на украинската армија информираше дека Русија довела 500 нови единици воена опрема на фронтот во близина на градот Изиум во Харкивската област и дополнителни падобрански трупи за да ги засили офанзивните дејствија во правец кон Донецката област, јавува Укринформ. Главниот напор за пробив на руските воени сили во Украина во моментов е сконцентриран на овој дел.

Во меѓувреме, руските сили утрово го гранатирале градот Запорожје, при што биле погодени две куќи и биле повредени три лица, од кои едно дете. Инаку, руската офанзива што започна во регионот Запорожје е со значително мали поместувања на фронтот, објави советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, јавува Укринформ.

Украинските медиуми јавуваат за најмалку четири загинати цивили како последица на руското гранатирање на Луганскиот регион. Загинатите лица се од градовите Лисичанск, Северодонецк и Новодружеск, при што била погодена и болница во градот Северодонецк.

Како последица на руските гранатирања, најмалку две лица загинале и во Харкивскиот регион во Дерхачив. Бомбардирањето продолжува и во главниот град на регионот Харкив, каде вчера загина еден цивил, а три лица беа повредени, пренесува Укринформ.

Би-би-си го пренесува ставот на британското Министерство за одбрана, кое предупредува дека руската Црноморска флота и понатаму има капацитет да гаѓа локации во Украина, и покрај тоа што нивниот водечки брод „Москва“ потона откако беше погоден пред неколку дена. Црноморската флота на Русија има 20 пловни објекти и дополнителни подморници кои можат да продолжат со гранатирањата. Сепак, поради затворањето на Босфорот од страна на Турција, руската армија не може да доведе дополнителни бродови од другите флоти.

Инаку, за да спречи напади од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија, Украина информираше дека ја засилува со дополнителни трупи одбраната на украинско-молдавската граница во регионот Одеса, за да се спречат евентуални напади од руските сили кои се наоѓаат во овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...