fbpx

Русија бомбардираше цели во осум региони, делови од Лвив оставени без струја и вода

-

Руските сили вчера бомбардираа цели во осум украински региони за да ја уништат транспортната инфраструктура на Украина, јавува Укринформ. Нападите имаат за цел да ја намалат можноста за доставување каква било помош од западните и централните региони на првите борбени линии на истокот од Украина. Погодени се цели во регионите Лвив, Днипропетровск, Кировохрад, Виница, Кијив, Закарпатје, Одеса и Донецк.

Делови од украинскиот град Лвив по нападите на електропреносната мрежа беа оставени без струја и вода. Во регионот Кировохрад се регистрирани повредени лица при нападот на железничката инфраструктура. Две лица загинаа, а двајца беа повредени во вчерашните гранатирања на градовите Попасна и Лисичанск во Луганскиот регион, јавува Укринформ.

Би-би-си ги пренесува информациите на украинските власти дека во текот на денешниот ден е планирано да се евакуираат цивили од Мариупол, со помош на Обединетите нации и Црвениот крст. Борбите во овој приморски град продолжуваат околу челичарницата Азовстал, каде руските сили пробале да извршат нов пробив со војници во кругот на комплексот.

Украинските сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден одбиле 12 напади на рускиот агресор во Донецкиот и Луганскиот регион. Борбите продолжуваат за градот Попасна во Луганскиот регион, Кутузивка и Олександривка во Харкивскиот регион и Орихив во регионот Запорижи.

Руските воени сили од почетокот на воената агресија до вчерашниот ден изгубиле околу 24.500 војници на фронтовите во Украина. Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов изјави дека жестоките борбени дејствија во Украина очекува да продолжат и во текот на мај, додавајќи дека ова ќе биде долга војна на територијата на Украина, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...