fbpx

Зеленски: Членството на Украина во НАТО ќе ја спречеше војната

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред студенти на Институтот за политички студии во Париз изјави дека војната со Русија ќе можеше да биде спречена доколку Украина претходно беше примена како земја-членка на НАТО, пренесува Ројтерс.

„Да беше Украина дел од НАТО пред војната, немаше да има војна“, изјави Зеленски преку видеолинк.

Рускиот претседател Владимир Путин во неколку наврати повтори дека ризикот од влез на Украина во НАТО бил поводот за почетокот на руската инвазија во февруари годинава.

На терен продолжуваат борбите меѓу руските и украинските сили на истокот и југот на Украина. Украинските сили успеале да ја потиснат руската војска од Харкив кон украинско-руската граница. Би-би-си јавува дека воениот успех на украинската војска овозможил да се спречи идното дејствување на руската артилерија, која над 70 дена го бомбардираше вториот по големина град во Украина. Украинските сили вчера ослободиле уште едно населено место северно од Харкив, но светските медиуми предупредуваат дека Русија засега нема намера да се повлече од овој град на истиот начин како што тоа го направи од Кијив.

Борбите продолжуваат и во челичарницата Азовстал во Мариупол, каде што руските сили ги откриле влезовите во подземните скривници под комплексот и се обидуваат комплетно да ги блокираат украинските сили. Во комплексот се водат директни борби меѓу украинските и руските војници, јавува Укринформ.

Од територијата на Русија се гранатирани населени места во регионите Суми и Чернихив на североистокот на Украина, но засега не е познат бројот на повредени и загинати лица. Погодени се школи, административни зданија и приватни куќи, информираат украинските власти.

Во Донбас, руските сили се регрупираат за да започнат воена офанзива врз градовите Барвинкове и Славјанск. Воедно, продолжуваат борбите во Рубижне, Луман и Северодонецк, каде руската војска се обидува да ги окупира во целост овие градови. Жестоки борби се водат во повеќе правци во Донецкиот и Луганскиот регион, коишто имаат за цел окупација на овие два региона од руската војска, јавува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...