fbpx

Во борбите во Украина загина уште еден руски генерал, битката за Северодонецк продолжува

-

Војната во Украина продолжува со несмалени борби на истокот и југот од земјата, при што руските медиуми потврдија дека уште еден руски генерал, 12-ти по ред од почетокот на воената агресија на Русија, загинал во битка, јавува Би-би-си. Рускиот генерал Роман Кутузов загинал при обидот за заземање на украинско село, а Би-би-си пишува дека бројката на убиени руски генерали во борбите во Украина е настан без преседан во модерното војување.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз градовите Северодонецк и Лисичанск ги претворил нив во „мртви градови“. Украинските власти информираат за серија од повредени лица при рускиот напад на пазар и школо во Лисичанск. Уличните борби во Северодонецк продолжуваат, а украинските власти посочуваат дека немаат намера да се предадат или да се повлечат од овој град, пишува Би-би-си.

Во Донецкиот регион, најжестоки борби се водат за градот Бахмут, којшто руските сили сакаат да го заземат. Десетина населени места биле гранатирани, а само во текот на изминатото деноноќие тројца цивили го загубиле животот, додека шест лица биле повредени, пренесува Укринформ.

При гранатирање на градот Баштанка во регионот Миколаив, двајца цивили го загубиле животот, а едно лице било повредено, јавува Укринформ. Во нападот биле оштетени повеќе објекти, меѓу кои и стадион и спортско училиште.

Украинските власти јавуваат дека во изминатово деноноќие во борбите и гранатирањата во Харкивската област животот го загубиле две лица, додека четворица биле повредени во Дерхачи и Чорнохлазивка. Гранатиран бил и градот Харкив, при што биле оштетени неколку згради.

И покрај тоа што ги повлекоа своите војници, Русија продолжува секојдневно да го гранатира и североисточниот дел на Украина. Во најновиот напад на градот Середина-Буда во регионот Суми биле погодени најмалку шест куќи и електропреносна мрежа, јавува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...