fbpx

Борбите продолжуваат, Украина го запре транзитот на руски гас преку Луганск

-

Украинските власти за првпат од почетокот на руската агресија се одлучија да го сопрат транзитот на руски гас преку станицата „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ во Луганскиот регион, објавува Би-би-си. Операторот на украинската гасоводна мрежа ГТСОУ објави дека поради околности од „виша сила“ е прекинат транспортот на руски гас.

Двете инфраструктурни точки во Луганската област сега се под контрола на руските сили, така што официјален Кијив предлага Украина да го врши транзитот на руски гас низ нејзина територија преку станицата „Суџа“ која што се наоѓа под контрола на украинските сили. Засега нема информации дека ваквиот чекор ќе влијае врз снабдувањето со гас за европските корисници.

Долниот дом на американскиот Конгрес ја одобри финансиската поддршка од 40 милијарди долари што САД планираат да ја доделат на Украина поради руската агресија на нејзината територија, пренесува Укринформ. Следниот чекор е ваквата одлука да ја одобри и горниот дом на конгресот.

Во меѓувреме, разузнавачките информации кои ги обелодени САД велат дека Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и освојувањето на источните делови нема да ги запре неговите амбиции. Директорката за национално разузнавање на Соединетите Американски Држави (САД) Аврил Хејнс пред комитетот на американскиот сенат рече дека Путин и понатаму има намера да ги оствари своите цели што се надвор од Донбас, но има неусогласеност меѓу неговите амбиции и воените способности на руската армија во моментов.

На терен борби се водат на север и североисток од градот Харкив, каде што украинските сили изминативе денови повратија под своја контрола неколку населени места кои претходно беа окупирани од руската војска. Укринформ јавува дека руските сили сега се обидуваат да го спречат понатамошниот напредок на украинските војници на север од Харкив.

Во Донбас, руските сили водат борби за ставање под контрола на Рубижне и за окупација на делови од Луман и Северодонецк. Борбите продолжуваат да се водат и во челичарницата Азовстал во Мариупол. Укринформ јавува дека во Луганскиот регион, руските сили гранатирале училиштe каде настава следат за деца со попреченост во Хорске. Како последица на гранатирањето, Северодонецк е оставен без снабдување со гас, додека во Словјанск со бомби биле погодени две населби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...