fbpx

Русија и Украина ќе преговараат во Турција за да се деблокира извозот на житарки

-

Претставници на Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул со турските власти и Обединетите нации (ОН) за да разговараат за прекин на неколкумесечната блокада за извоз на житарки од Украина, јавува Гардијан. Со почетокот на руската агресија врз Украина, руската војска целосно го прекина поморскиот сообраќај кон украинските пристаништа за бродовите кои превезуваат жито, со што се предизвика криза со храна во дел од земјите во развој на Блискиот Исток, Африка и други делови од светот.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека допрва треба да се работи на постигнување договор меѓу двете страни за деблокада на извозот на житарки и призна дека не очекува премногу од разговорите во Истанбул.

Украина тврди дека 25 милиони тони жито се блокирани на нејзините пристаништа, додека ОН преговараат со двете страни за безбедни коридори по кои ќе може да се движат натоварените бродови. Турција пак тврди дека има 20 бродови кои веднаш може да ги испрати во Украина за да се натоварат за извоз на жито, додека пак Украина ја обвинува Русија дека го краде житото од земјоделците од окупираните територии на југот и истокот од земјата.

Изминатово деноноќие продолжија гранатирањата од двете страни, кои предизвикуваат цивилни жртви. Во најновиот руски напад врз населени места во Харкивската област, загина најмалку едно лице, а пет цивили се повредени. Гардијан јавува и за украинскиот напад на руско воено депо лоцирано во градот Нова Каховка во регионот Херсон, во којшто загинале најмалку седум лица.

Укринформ ги пренесува информациите на украинските власти дека успешно го одбиле рускиот напад врз градовите Довхенке и Долуна во Донецката област. Нови офанзивни дејствија се очекува да има и во наредниот период, а главната цел на руските сили е да се заземат градовите Словјанск и Краматорск.

Гардијан ги пренесува податоците на британското Министерство за одбрана, кое очекува руските сили да ги концентрираат своите напади за окупација на градовите Сиверск и Долина во Донецката област, кои се наоѓаат во близина на Словјанск и Краматорск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...