fbpx

Русија со внатрешни соработници сакала да ја окупира Украина, еден од нив фатен на српско-македонската граница

-

Со внатрешни соработници во украинските безбедносни служби и мрежа на инфилтрирани тајни агенти, Русија сметала дека ќе може да ја освои Украина и да ја смени власта на самиот почеток на воената агресија што започна на 24 февруари годинава, пишува Ројтерс во обемното истражување објавено вчера.

Меѓу високите досегашни украински претставници кои се сомничат за соработка со Русија во обидот за поставување на марионетска влада во Кијив, во истражувањето на Ројтерс е споменат и Андриј Наумов. На почетокот на јуни годинава, во македонските медиуми и соседството одекна информацијата дека ова лице е уапсено на преминот „Прешево“ на македонско-српската граница.

Ројтерс пишува дека Наумов како поранешен функционер на украинските тајни служби бил уапсен при обидот тој да премине од Србија во Северна Македонија, а во автомобилот „БМВ“, во кој Наумов бил сопатник, биле откриени 124.924 долари, 607.990 евра и два скапоцени камења – смарагди. Украинските власти за Андриј Наумов водат предистражна постапка за национално предавство.

Наумов бил именуван за шеф на државното украинско претпријатие КОТИЗ, кое било одговорно за управувањето со имотот во забранетата зона за движење околу нуклеарната електрана „Чернобил“. По неговиот ангажман во „Чернобил“, Наумов бил назначен за шеф на Одделот за внатрешна безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Лани агенцијата соопшти дека спречила обид за атентат врз Наумов од страна на други службеници на СБУ, а тој подоцна бил отпуштен од функцијата началник на одделот.

Андриј Наумов исчезнува непосредно пред руската инвазија на Украина во февруари годинава, а првите информации за него се појавуваат по неговото апсење на српско-македонската граница. На 31 март годинава, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет, со кој на Наумов му го одзеде чинот бригаден генерал. Во емотивно обраќање, Зеленски објави дека Наумов и уште еден генерал на СБУ се „предавници“ кои ја прекршиле заклетвата за верност кон Украина.

Понатаму, Ројтерс во своето обемно истражување наведува од свои извори дека најмалку пет лица знаеле за подготовките на официјален Кремљ за воената инвазија врз Украина. Понатаму, дека воените планери околу претседателот Владимир Путин верувале оти на Русија, потпомогната од овие агенти, ќе ѝ треба само мала воена сила и неколку дена за да ја принуди администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече, да побегне или да капитулира.

Преку интервјуа со десетици официјални лица во Русија и Украина и преглед на документите на украинскиот суд и изјавите на украинските истражители поврзани со истрагата за однесувањето на луѓето кои работеле во „Чернобил“, Ројтерс утврди дека оваа руската инфилтрација во Украина достигнала многу подлабоко отколку што беше јавно признаено.

Интервјуираните функционери вклучуваат луѓе во Русија кои биле информирани за планирањето на инвазијата на Москва врз Украина и украински истражители задолжени за следење на шпиони.

„Покрај надворешниот непријател, ние за жал имаме и внатрешен непријател, а овој непријател не е помалку опасен“, вели за Ројтерс секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов.

Во периодот на инвазијата, вели Данилов, Русија имала агенти во украинскиот сектор за одбрана, безбедност и спроведување на законот. Тој одби да даде имиња, но рече дека таквите предавници треба да се „неутрализираат“ по секоја цена.

Ројтерс во истражувањето цитира и извори кои имале информации за плановите на Кремљ во Украина, кои рекле дека официјална Москва сметала на активирање на нејзините агенти-спијачи што ги имала во украинскиот безбедносен апарат.

Изворите ги потврдија извештаите на западните разузнавачки служби дека Кремљ планирал Олег Царјов, хотелиер, да ја води марионетската влада во Киев што би ја инсталирала Русија. Поранешен украински јавен обвинител во јуни откри за Ројтерс дека украинскиот политичар Виктор Медведчук, пријател на Путин, имал шифриран телефон издаден од Русија за да може да комуницира со Кремљ.

Царјов изјави дека извештајот на Ројтерс за тоа како се одвивала операцијата на Москва во целина „има многу малку врска со реалноста“. Тој не се осврнал на неговиот однос со Кремљ. Адвокатот на Медведчук пак одбил да коментира. Медведчук е во украински затвор и го чека судењето за обвиненијата за предавство на Украина кои датираат пред руската инвазија во февруари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...