fbpx

Русија ги ракетираше Миколаив и Харкив, се подготвуваат за нова офанзива на истокот

-

Руските сили повторно ги ракетираа градовите Миколаив и Харкив, каде што се уништени објекти во изминатово деноноќие, јавува Гардијан. Погодена е инфраструктура во пристаништето на Миколаив на Црното море, а покрај овој град, самиот регион Миколаив е гаѓан со ракети од системи за противвоздушна одбрана С-300 од окупираниот регион Херсон.

Изминатава ноќ се ракетирани и градовите Харкив и Чухуив, при што во Харкив е погоден објект во близина на центарот на градот којшто се наоѓа до воена инфраструктура, како и цивилна инфраструктура во една од населбите. Во авионски напад биле ракетирани и населени места во регионот Одеса, при што се погодени приватни куќи во села лоцирани крај Црното море.

Истовремено, Гардијан ги пренесува информациите на украинските власти дека Русија доведува дополнителна воена опрема во окупираниот регион Херсон. Два дополнителни конвои со тенкови, воена опрема и армиски персонал минале низ градот Мелитопол во правец кон Херсон.

Украинските воени власти тврдат дека Русија се подготвува да започне офанзива за окупација на градовите Сиверск и Соледар во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Артилериски напади од руските сили во изминатово деноноќие се регистрирани во повеќе населени места во регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Харкив кои се наоѓаат под украинска контрола.

Укринформ ги пренесува и информациите на украинските власти, кои тврдат дека во челичарницата Илич во окупираниот град Мариупол руските сили поставиле капацитети за поправка на воена опрема, при што локално население е принудено да работи во овој индустриски капацитет за храна, без исплата на плата.

„Постепено, хипотезите и аналитичките заклучоци за иднината на Мариупол како воена транспортна и поправна база се потврдуваат“, пишува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...