Украина нема да ги признае резултатите од псевдореферендумите за отцепување на делови од земјата

-

Украина и целиот свет нема да ги признаат резултатите од т.н. псевдореферендуми за повторно обединување со Руската Федерација, кои окупациските сили на југот на Украина планираат да ги одржат во регионите Херсон и Запорожје. Како што информираат од Украинската амбасада во Скопје во испратениот нон-пејпер до медиумите, организирањето нелегални референдуми е кривично дело според украинското законодавство.

„Брзањето со кое тие се организирани и незаконското принудно пасоширање на жителите на привремено окупираните територии сведочат за желбата на москва под какви било околности да ги „легитимира“ своите злосторни дејствија и дејствијата на окупационите администрации предводени од незаконски „назначени“ руски управители во привремено окупираните територии на Украина“, се наведува во нон-пејперот испратен од Украинската амбасада.

Украина додава дека нема сомнеж оти резултатите од овие псевдо-плебисцити руската страна ќе ги користи како потврда за „законитоста“ на окупацијата на украинските територии.

„Руските власти не се во состојба да обезбедат соодветна организација на лажни „референдуми“. Тоа го потврдуваат: неопределеноста за можниот датум на нивното одржување (една од опциите е 11 септември, денот на локалните избори во рф); бавниот процес на нелегално издавање пасоши на жителите на окупираните територии; значителни грешки во избирачките списоци; недостаток на единствен регистар; активен отпор на жителите на окупираните територии“, се наведува во испратената дипломатска нота.

Во нон-пејперот се додава дека Русија преку своите пропагандни ресурси се обидува да создаде изглед на поддршка за „референдумите“ од локалното население на привремено окупираните територии. Во исто време, сите напори на руската пропагандна машина и политичките технолози не водат до посакуваниот резултат на руските власти. Псевдореферендумите не се поддржани од населението.

„Со цел да се спаси ситуацијата и да се обезбеди излезност на гласачите, окупаторите прибегнуваат кон заплашување и притисок со употреба на сила врз жителите на окупираните територии, организирајќи мобилни пикети со учество на локални соработници за поддршка на т.н. „референдум“. Исто така, се разгледуваат опциите за спроведување „онлајн гласање“ (во услови кога често нема струја во населените места уништени од руските војници, а да не зборуваме за Интернет) и „гласање од дома“, што ќе биде невозможно да се провери или контролира“, додаваат украинските власти во испратениот нон-пејпер.

Инаку, устоличениот од Москва шеф на окупираните делови од регионот Запорожје, Евгениј Балицки пред три дена официјално нареди одржување на локален референдум за можноста за придружување на таа покраина кон Руската Федерација. Со идентична идеја се и поставените раководители од Русија во окупираниот регион Херсон, а таканаречените референдуми тие најверојатно би ги одржале во текот на септември.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...