понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Амбасада на Украина | 13 резултати

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата украинска амбасадорка, Лариса Дир

август 30, 2022

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, соопшти кабинетот на претседателот. „Да се биде амбасадор на Украина во овие тешки времиња за земјата, која е жртва на брутална агресија од страна на Руската Федерација, е исклучителна задача. Доаѓате во пријателска држава која секојдневно сочувствува […]

Украина нема да ги признае резултатите од псевдореферендумите за отцепување на делови од земјата

август 11, 2022

Украина и целиот свет нема да ги признаат резултатите од т.н. псевдореферендуми за повторно обединување со Руската Федерација, кои окупациските сили на југот на Украина планираат да ги одржат во регионите Херсон и Запорожје. Како што информираат од Украинската амбасада во Скопје во испратениот нон-пејпер до медиумите, организирањето нелегални референдуми е кривично дело според украинското […]

Досега сме донирале 14 камиони со помош за Украина, нова акција за поддршка на бегалците во земјава

мај 29, 2022

Се собраа дополнителни финансиски средства и друга поддршка во рамките на хуманитарната акција за помош на бегалците од Украина, насловена како „Денови на хуманост“. Акцијата се одржа во периодот од 25.5.2022 (среда) до 27.5.2022 (петок) во МОШ Бар (MOSH), а беше во организација на Јован Андоновски, заменик-народен правобранител и МОШ (MOSH Bar) во Скопје, со поддршка […]

Путин бара Мариупол да се предаде за да престане гранатирањето, околу 170.000 жители се заробени без струја и без храна

март 31, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гранатирањето на опколениот украински град Мариупол ќе заврши само кога украинските војници ќе се предадат, јави Би-Би-Си. Путин ги кажа овие коментари за време на едночасовниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот вечерта, се вели во соопштението на Кремљ. Но, француските власти соопштија дека рускиот лидер […]

Незаконски е македонски државјани да се борат во Украина

март 8, 2022

Украинската амбасада во Скопје испрати повик на Министерството за надворешни работи на Украина, но и на претседателот на Украина Володимир Зеленски за доброволно учество во редовите на Меѓународната легија за одбрана на Украина. Но, според измените на Кривичниот законик од 2014 година, учество во вакви воени формации е забрането и државјаните кои ќе се пријават […]

Украинска амбасада: Изминативе 24 часа се регистрирани 80 прекршувања на огнот

февруари 21, 2022

Во текот на изминатите 24 часа, на 20 февруари, Украина регистрирала 80 прекршувања на огнот, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск, се наведува во соопштението на Украинската амбасада во Скопје, кои вината ја насочуваат кон вооружените формации на Руската Федерација што се наоѓаат на окупираните територии во Донецк […]

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај Универзална сала

февруари 5, 2022

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета таблата со украинскиот град Севастопољ меѓу имињата на руските градови што се испишани на игралиштето. Украинската амбасада во Скопје за […]

Задорожњук: Во Украина не се глорифицира нацизмот, земјата изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна

јануари 21, 2022

Украина во периодот од 1939 до 1945 година изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна и нема причина да го глорифицира нацизмот, вели украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук по вчерашниот протест што се организираше пред Украинската амбасада во Скопје под мотото „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“. Од Амбасадата на Украина во […]

Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје

декември 24, 2021

Детското игралиште со руска тематика зад Универзалната сала во Скопје, во чија изградба учествуваа Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава, предизвика своевиден дипломатски скандал. Мета.мк откри дека меѓу поставените табли со имиња на руски градови, беше вметната и табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот […]

Страна 1 од 1