четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: нон-пејпер | 12 резултати

Словенечкиот „нон-пејпер“ официјален Брисел не го видел, реакции на балканските политичари

15 април 2021

Откако словенечкиот портал „Нецензурирано.си“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ „нон-пејпер“ со наслов „Западен Балкан – патот напред“, темата за прекројување на границите на Западниот балкан повторно постана главна тема во медиумите од поранешна Југославија. Радио-телевизија Словенија денеска ги пренесе главните делови од објавениот документ на „Нецензурирано.си“, но и информациите од официјален Брисел дека таквиот […]

Објавен словенечкиот „нон-пејпер“ за поделба на БиХ, но тој не предвидува поделба на Северна Македонија

15 април 2021

Словенечкиот портал „нецензурирано.си“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ „нон-пејпер“ со наслов „Западен Балкан – патот напред“ за којшто се шпекулира дека словенечкиот премиер Јанез Јанша го испратил во Брисел, а со кој се предвидува распарчување на Босна и Херцеговина и пристапување на Република Српска кон Србија, како и обединување на Косово со Албанија. Како […]

Димитров: Идејата на францускиот нон-пејпер е забрзување на процесот на преговори

29 ноември 2019

Во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи, важно е што крајот на процесот е полноправно членство, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во […]

Шекеринска: Работата на уставните измени ќе почне по референдумот

21 септември 2018

Поголеми избори и појасно изјаснување од претстојниот референдум нема да имаме. Таа порака граѓаните ќе ни ја упатат на 30 септември и затоа нашиот повик до сите е да го искористат тоа право и да го кажат својот став, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали предвремените парламентарни избори се опција „Б“ […]

„Нон-пејперот“ е работен документ и нема официјална важност, рече Дариесек

31 мај 2018

Државната секретарка во Министерството за вооружени сили на Франција, Женевиев Дариесек, рече дека „нон-пејперот“ што проциркулира низ државите членки на ЕУ, е работен документ кој нема никаква официјална важност. – Тоа е еден работен документ што нема никаква официјална важност, а знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него. Треба кон крајот […]

Пломп: Холандија ќе продолжи да ѝ биде пријател и партнер на Македонија

29 мај 2018

Холандија отсекогаш била и ќе продолжи да биде пријател и партнер на Македонија и да ја поддржува нејзината евроатланска интеграција врз основа на строг и правичен пристап, изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп на прашањето од „Макфакс“ откако во јавноста беше објавен нон-пејперот. – Го забележуваме напредокот што македонските институции во текот на изминатата година го […]

Белград инсистира кај ЕУ за мирно решение на кризата во Македонија

5 мај 2017

Јавниот дискурс кој повикува на насилство, во отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина, и нестабилноста во Македонија претставуваат сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа, е главната порака на неофицијалниот документ што српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, им го предале на амбасадорите на […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат дека има „нон пејпер“

26 мај 2015

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат за тоа дали преговарачкиот тим од Европската унија излегол со „нон пејпер“ на средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека „не знаат ништо за некаков нон пејпер“. Од СДСМ, за „Мета“ изјавија дека „не се запознаени со таков документ“. По кратката пауза […]

Страна 1 од 1