fbpx

Димитров: Идејата на францускиот нон-пејпер е забрзување на процесот на преговори

-

Во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи, важно е што крајот на процесот е полноправно членство, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ.

Тој појасни дека Владата одржала средба со сите надлежни ресори и разговарала со многу од експертите за францускиот нон-пејпер.

„Важно е што се става акцент кога се презентира нон-пејперот дека идејата е да се забрза процесот. За нас е важно во регионот да има еден процес за да можеме да се натпреваруваме рамноправно со другите земји кои веќе се во пристапниот процес како што се Црна Гора и Србија, инаку нема да има реформски натпревар. И важно е што поитно да се постигне консензус меѓу земјите членки, за овој процес да се отвори,“ изјави Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....