Столтенберг по средбата со Пендаровски: Промената на границите ќе ја загрози стабилноста на Балканот

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски во Брисел изјави дека шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на Западниот Балкан не помагаат за стабилноста.

„Не е на мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош“, изјави Столтенберг.

И претседателот Пендаровски порача дека и во минатото предупредил против вакви опасни идеи на поделба по етничка линија во регионот и увери дека ниеден од неговите соговорници во ЕУ или во НАТО не поддржува вакви концепти какви што содржат наводните нон-пејпери.

На денешната средба меѓу Пендаровски и Столтенберг било дискутирано за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на ковид-19.

Претседателот Пендаровски во разговорот со генералниот секретар Столтенберг ја реафирмираше подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

„Ова е моја прва посета на НАТО како Претседател на Република Северна Македонија. Неодамна, на 27 март, ја одбележавме првата годишнина од нашето членство во НАТО. Ни требаа многу години, донесовме многу тешки одлуки, но бевме упорни во остварувањето на нашата стратешка цел. Веруваме дека членството во НАТО е многу важно за одржување на безбедноста и стабилноста како предуслов за просперитет и зајакнување на демократските институции“, изјави претседателот Пендаровски по средбата со Столтенберг.

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

Во трагедијата животите ги загубија четворица музичари од групата ДНК

Андреј Ѓоргиески, познатиот вокал од дуото ДНК, препознатлив во јавноста и по својата хуманитарна работа, денеска им подлегнал на повредите со кои се здобил синоќа во пожарот во дискотеката...